Би-би-си: Кои се ќерките на Путин? Што знаеме за неговото семејство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, отсекогаш бил претпазлив кога станува збор за прашања за неговото семејство, вели Би-би-си.

Во 2015 година, за време на една од неговите маратонски прес-конференции, тој ги избегнуваше прашања за идентитетот на неговите ќерки.

„Моите ќерки живеат во Русија и студираа само во Русија, горд сум со нив“, рече тој. „Тие зборуваат течно три странски јазици. Никогаш не разговарам за моето семејство со никого.“

„Секој човек има право на своја судбина, тие го живеат својот сопствен живот и тоа го прават достоинствено“, додаде тој.

Можеби тој не сака да ги именува, но другите сакаат. Последната рунда американски санкции ги погодија и Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35).

„Веруваме дека многу од имотите на Путин се скриени кај членовите на семејството и затоа ги таргетираме и нив“, рече еден американски функционер.

Иако малку работи се официјално потврдени за семејниот живот на претседателот Путин, документите, медиумските извештаи и повремените јавни изјави се доволни за да се обезбеди портрет на двете жени.

Тие се ќерки на претседателот Путин и неговата поранешна сопруга Људмила. Двојката се венчала во 1983 година кога таа била стјуардеса, а тој офицер на КГБ. Нивниот брак траел 30 години, опфаќајќи го брзиот подем на Путин до врвот на рускиот политички систем.

Во 2013 година се разделиле. Путин рече „тоа беше заедничка одлука: речиси и не се гледаме, секој од нас има свој живот“. Таа рече дека тој бил „целосно потонат во работата“.

Нивната постара ќерка, Марија Воронцова, е родена во 1985 година. Студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург и медицина на Московскиот државен универзитет.

Г-ѓа Воронцова сега е академик, специјализирана за ендокриниот систем. Таа е коавтор на книга за заостанат раст кај децата и е наведена како истражувач во Истражувачкиот центар за ендокринологија во Москва.

Таа е и бизнисменка. Би-би-си Русија ја идентификуваше како косопственик на компанија што планира да изгради огромен медицински центар.

Г-ѓа Воронцова е мажена за холандскиот бизнисмен Јорит Јост Фасен, кој некогаш работел во рускиот државен енергетски гигант Газпром, иако тие наводно се разделиле.

Луѓето што разговарале со неа по инвазијата во Украина велат дека таа го поддржува својот татко и дека се сомнева во меѓународното известување за конфликтот.

Во споредба со неа, нејзината сестра Катерина Тихонова е многу повеќе во очите на јавноста, не само поради нејзиниот талент како рокенрол-танчарка. Таа и нејзиниот партнер беа петти на меѓународен настан во 2013 година.

Истата година се омажи за Кирил Шамалов, син на долгогодишен пријател на претседателот Путин. Нивната венчавка се одржа во ексклузивен скицентар во близина на Санкт Петербург. Тамошните работници рекоа дека двојката пристигнала на санки влечени од три бели коњи.

Г. Шамалов беше санкциониран од САД во 2018 година за неговата улога во енергетскиот сектор на Русија. Американското Министерство за финансии соопшти дека „неговото богатство драстично се подобрило по бракот“. Двојката оттогаш се разделила.

По инвазијата на Украина, двајца руски активисти беа уапсени за вселување во луксузна вила во Бијариц за која се вели дека е во сопственост на г. Шамалов.

Г-ѓа Тихонова сега е во академските и бизнис-водите. Таа накратко се појави на руските државни медиуми во 2018 година за да зборува за невротехнологијата, а исто така и на бизнис форум во 2021 година. Во ниту еден случај не беше спомената нејзината поврзаност со претседателот.

Се вели дека ниту една од нив не поминува многу време со претседателот Путин.

Путин има и внуци. Тој ги спомна во ТВ-програма во 2017 година, но не кажа колку се на број или која од неговите ќерки ги има.

„Во однос на моите внуци, едното веќе е во градинка. Ве молиме разберете, не сакам тие да растат како некој вид кралски принцови. Сакам да растат како нормални луѓе“, рече тој.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе