Белфаст не мирува: Повторно горат улиците на Северна Ирска (ВИДЕО)

Цигли, петарди и димни бомби, сето тоа млади луѓе во градот Белфаст во Северна Ирска минатата недела го фрлаа врз полицијата која возврати со гумени куршуми и водени топови. Се палеа и автомобили и автобуси.

EPA-EFE

Улиците синоќа беа помирни, откако локалните власти замолија за смирување на немирите поради смртта на принцот Филип, мажот на британската кралица Елизабета Втора. Сепак, младите во Белфаст и понатаму фрлаа предмети врз полицијата и запалија еден автомобил.

Хаосот на улиците на Белфаст потсетува на крајот на деведесеттите. Долгогодишните католичко-протестантски судири завршија во 1998 кога на Велики петок беше потпишан мировен договор, но тензиите во Северна Ирска никогаш целосно не замреа.

Северна Ирска географски ѝ припаѓа на Ирска. Политички, таа е дел од Обединетото Кралство.

Ирска се ослободи од надмоќта на својот сосед пред стотина години кога беше прекината вековната британска колонизација и нестабилните меѓународни односи. Од вкупно 32 ирски окрузи, 26 се припоија кон независната, мнозински католичка земја. Преостанатите 6 окрузи на северот, во кои беа главно протестанти, останаа британски.

Преостанатото католичко малцинство во Северна Ирска беше изложено на постојана дискриминација. Во шеесеттите години на минатиот век католичкото малцинство бараше промени, но ги дочека груб отпор на власта и полицијата. На двете страни на конфликтот се оформија мали оружени групи кои ја ескалираа меѓусебната нетрпеливост со пукања и бомбашки напади.

Британската војска беше испратена во Северна Ирска во 1969 за да го одржува мирот. Наместо тоа, ситуацијата дополнително се влоши бидејќи ирските републикански емигранти, кои сакаа да се припојат на југот, завојуваа со паравојската која сакаше Северна Ирска да остане британска и со британска војска.

Во текот на 3 децении животот го загубија повеќе од 3 и пол илјади луѓе. Главно цивилни жртви. Повеќето жртви беа од Северна Ирска, иако Ирската републиканска армија (ИРА) поставуваше бомби и во Лондон и во други британски градови.

Во деведесеттите години од минатиот век дојде до постепено примирје. На тоа му кумуваа тајни преговори на Ирска, Британија и САД. Договорот од Белфаст, попознат како Договорот од Велики петок, ги разоружи паравоените формации и утврди католичко-протестантска власт на поделена моќ во Северна Ирска. Со тоа примирје всушност се одложи решавањето на прашањето на статусот на Северна Ирска. Таа останува под Британија сè додека мнозинството тоа го сака, иако никогаш не е исклучена можност за референдум за обединување.

Мирот беше на сила сè до неодамнешните судири, и покрај тоа што помали фракции на ИРА повремено поттикнуваа напади врз полицијата и предизвикуваа улични судири.

Британските унионисти и ирските националисти и понатаму не си веруваат едни на други.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе