Ноје цирихер цајтунг

„Балканската стратегија на сузбивање на вирусот со репресија сега се одмаздува“

Борбата против коронавирусот во земјите од Балканот долго изгледаше како успешна приказна, но сега, кога преку ноќ беа укинати мерките на ограничување, бројот на заболените нагло расте и како да се одмаздува стратегијата на борбата против пандемијата која, главно од политички причини, се потпираше на репресија, пишува швајцарскиот весник Ноје цирихер цајтунг (НЦЦ).

EPA-EFE

Весникот истакнува и дека во пандемијата здравствените системи во југоисточна Европа, и покрај хроничниот недостиг од средства и персонал, никогаш не дошле на граница на оптовареноста.

Според швајцарскиот весник, Словенија прв во Европа прогласи крај на пандемијата, две недели по неа и Црна Гора. Хрватска кон средината на јуни имаше само десетина нови случаи на зараза на ден, а и останатите држави од регионот ги држеа нештата под контрола, па така во Србија беа одржани и првите избори по избивањето на пандемијата во Европа.

„Успехот ѝ се препишува на раната и одлучна интервенција на државата. Особено под авторитарните влади во Србија, Црна Гора и Албанија, кај дел од драстичните мерки постоеше јасно несогласување меѓу епидемиолошкиот ќар и ограничувањето на граѓанските права и слободи. Меѓутоа, дури и критичарите признаваат дека тие влади, на кои често им се припишува недостиг на акција, успеаја да го спречат најлошото“, пишува НЦЦ.

„Но сега, во таканаречената нова нормалност, едностраната стратегија потпрена на репресија се одмаздува“, велиз а весникот Макс Брендле, шефот на белградската канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт, блиска до германската социјалдемократска партија СПД.

Според Брендле, на чувството на сопствената одговорност на граѓаните во соочувањето со вирусот речиси и да не се апелираше, и затоа тие сега слабо се придржуваат до препораките на властите.

Со оценка дека ефектот го засилува и фактот што мерките не беа постепено укинувани, туку нормалноста се врати речиси преку ноќ, весникот пишува дека во Србија за укинувањето на вонредната состојба не беа одлучувачки епидемиолошките проценки, туку политичките причини, и тоа спроведувањето на изборите. „Претседателот Александар) Вучиќ сакаше што побрзо да ги спроведе изборите, за да профитира од успешното сузбување на епидемијата“, пишува НЦЦ.

Брендле смета дека во тоа светло треба да се гледа и фудбалското дерби во Белград, кое собра најголем број гледачи во Европа од избивањето на пандемијата, и тениската турнека на Новак Ѓоковиќ. „Со ова одат и извештаите за манипулирање на официјалните бројки на заболени и мртви. Довербата во владата сега е целосно нагризено“, вели Брендле.

НЦЦ пишува дека сепак не е веројатно дека во земјите од регионот повторно ќе бидат воведени драстични мерки, бидејќи поради големиот замор на населението политичката цена но и економската „би била превисока“.

Брендле верува дека пандемијата, меѓутоа, „ќе ги продлабочи познатите линии на раздор во регионот и тоа и во самите земји, и во меѓусебните односи“.

„Во Македонија порастот а бројот на заразените се поврзува со православниот Велигден и исламскиот месец на пост Рамазан. Верските заедници сега една со друга си ја префрлаат вината. За две недели закажаните избори само го засилуваат таквото расположение. На Косово поддржувачите на сменетиот премиер Аљбин Курти го обвинуваат неговиот наследник дека ги поништил успесите од претходните месеци. Црна Гора подоцна ги отвори границите кон Србија, при што спорот околу законот за верските заедници изгледа беше поважен од епидемиолошката ситуација кај поголемиот сосед“, кажа Брендле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе