Колумна на Екатимерини

Балканот и Европската Унија

„Тука имаше силно воено присуство, бугарските ракети беа свртени кон јужниот дел на НАТО, свртени кон Грција, во оваа област. Сега градиме нафтоводи и пристаништа“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов пред својот грчки колега, Алексис Ципрас, за време на неодамнешната посета на Ципрас веднаш преку северната граница кон Бугарија, кога ја отворија изградбата на гасоводот Интерконектор Грција-Бугарија (ИГБ).

Бугарскиот водач беше во право, и беше извонредно тоа што тој реши да ја нагласи улогата што Европската Унија ја игра во искоренувањето на непријателството и промовирањето мирен соживот под закрилата на поствоениот европски поредок меѓу двата историски непријатели, вели Ставрос Ѕимас за Екатимерини. Грчко-бугарската граница навистина ги персонифицираше омразата и сомнежот меѓу двете нации за време на Студената војна, и двете беа вооружени до заби и припадници на ривалски стратегиски сојузи: ракетните лансери СС-19 поставени во јужна Бугарија и свртени кон Грција од името на земјите од Варшавскиот пакт, а американските нуклеарни ракети „МГР-1 онест Џон“ распоредени од НАТО на грчката страна, околу Кукуш, Солун (во областа Лангадас) и Драма.

Реки крв се пролеваа во грчко-бугарските конфликти за време на балканските и светските војни. Во текот на половина век „заканата од северот“ беше речиси опсесија кај Грците, исто како и заканата од „империјалистичка инвазија“ од југ и соништа за пристап до Медитеранот во главите на Бугарите.

А денес? Освен во опсервациите на Борисов, Грците и Бугарите живеат во хармонија, во завидни добрососедски односи. Како се случи ова? Живеејќи заедно (од 2007 година, кога Бугарија се приклучи кон ЕУ) под истиот европски покрив, беа закопани историските секири, а разликите што останаа меѓу двете нации беа спогодбено решени во рамките на институциите на блокот.

Сега кога ЕУ се соочува со предизвици внатре и надвор, и додека се повишуваат гласовите за нејзино распуштање, треба да го цениме фактот дека во изминатите 70 години не доживеавме војна и спокојно ги надминавме нашите разлики благодарение на европските идеали што некои толку лесно ги отфрлаат. Грците и Бугарите можеби извлекоа најголема корист од ова, а сепак трагедијата е дека немаше дискусија за тоа што е на коцка, иако тукушто имавме европски избори.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе