Дојче веле

Балканците најмалку се плашат од вирусот: „Луѓето се навикнати на кризни ситуации“

Истражување на Галуп покажува дека над 70 отсто од луѓето на Балканот сметаат дека коронавирусот не е толкава закана како што се претставува. Истражувачите велат дека тоа можело да се очекува во регионот навикнат на кризи.

Според истражувањето, 62 отсто од луѓето во светот се плашат да бидт заразени, но истовремено дури 56 отсто од луѓето мислат дека заканата не е толку опасна како што се тврди. Овие резултати ги добила агенцијата Галуп врз основа на анкетирање на 20.000 луѓе во 26 земји.

Претседателот на Галуп Канчо Стојчев мисли дека резултатите не се противречни, како што на прва изгледа. „Вирусот е реален и нормално е луѓето да се плашат“, вели тој за Дојче веле. Од друга страна, вирусите постојат од секогаш, сите некогаш ги прележале па реакциите на надлежните може да им изгледаат претерани, вели Стојчев.

Тој социолог вели дека стравот е важен за самото преживување. „Особено во последните децении поради напредокот, модерноста и слично имаме чувство дека животот станува поизвесен, дека можеме да предвидиме и планираме сѐ“.

Затоа, според него, политиката во моментов се бори со емоциите на луѓето кои се соочуваат со неизвесност. „Во моментов никој не може да каже што ќе се случи за два, ри или пет месеци“.

Балканците се навикнати

Меѓутоа, процентот од 56 отсто луѓе кои мислат дека претерано се драми не ттреба да се земе здраво за готово – бидејќи вредностите се сосема различни во различните земји. Така е во земјите како Италија, каде со недели умираат луѓе во голем број, стравот од вирусот е сѐ поголем.

Од друга страна, на Балканот сѐ уште нема толкав страв, барем во трите земји во кои е вршена анкетата. Според анкетата, во БиХ и во Македонија дури 73 отсто од луѓето сметаат дека вирусот се претставува поопасен од што е, а во Бугарија тоа го мислат 72 отсто од луѓето.

„Балканот со векови е важен крстопат. На таквите места интензитетот на историјата е значително повисок, шпто значи дека тука имало повеќе кризи кои требало да се надминат“.

Стојчев, кој е од Бугарија, потсетува на случувањата од пред триесетина години во Романија, Бугарија или Југославија. „На некој начин луѓето веќе се навикнаа на вакви ситуации“.

Наспроти тоа, во Западна Европа дури 70 отсто од луѓето сметаат дека вирусот е голема закана.

Американците не ги даваат слободите

Според истражувањето, 76 отсто од луѓето се спремни на ограничување на личните слободи за да се избориме со вирусот. Во врвот се Австрија (95 отсто), Македонија (94) и Холандија (91). На дното на скалата се САД, каде 45 отсто од граѓаните се спремни да се откажат од слободите.

Стојчев истакнува уште еден наод – две третини од луѓето имаат доверба во своите влади, што е значителен пораст. Истражувачите претходно забележаа глобален пад на довербата во политиката, и до сега на властите им веруваат меѓу една и две петтини од граѓаните.

Надлежните политичари, истакнува тој, добро минуваат во ситуации кога се бара заедништво, но и национална политика и изолација од светот.

„Ваквите ситуации ги обединуваат луѓето. Начелно во животот постојат две стратегии, кога имаме сериозен проблем. едната е нештата да се пробаат на своја рака, а втората е да се обединиме со други луѓе. Сепак, сѐ е полесно во заедница“, заклучува Стојчев.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе