Бајден во анкетите води пред Трамп, ќе бидат ли овојпат точни?

Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори пред четири години ги доведе во прашање анкетите како никогаш претходно.

EPA-EFE

Демократот Џо Бајден на само 16 дена пред изборите на 3 ноември води во националните анкети за девет процентни бода пред републиканскиот претседател Доналд Трамп, се наведува на сајтот Риал клиар политикс.

Шест земји се клучни за освојување на Белата куќа

Но, кандидатите ја освојуваат Белата куќа преку електорскиот колегиум, а не врз основа на освоените гласови на гласачите. Трамп во 2016 освои помалку гласови од Хилари Клинтон, но победи во доволно сојузни држави за да ги освои електорските гласови потребни за да стане претседател.

Оваа година шест сојузни држави се клучни за освојување на Белата куќа – Флорида, Северна Каролина, Аризона, Висконсин, Пенсилванија и Мичиген.

Анкетите пред претходните избори точно ја предвидоа малата национална предност на Клинтон, но „областите во кои згрешија анкетите беа некои неодлучни држави на Средниот Запад н САД“, во кои Трамп на крајот победи, вели Крис Џексон од Ипсос за Франс прес.

Во анкетите не беа доволно застапени белците без факултетска диплома кои гласаа за Трамп, додава Џексон. Повеќето компании кои го испитуваат јавното мислење ја изменија својата методологија за да ја спречат истата грешка. Клучните сојузни држави се гледаат подетално и почесто отколку пред четири години.

Анкетарите забележале доследност

Освен тоа, анкетарите забележале доследност. Бајден од пролет не паднал под четири процентни бода предност пред Трамп.

За споредба, Трамп и Клинтон на двапати беа изедначени, што сигнализираше неизвесна трка. Конечно, во земјата која е екстремно поделена, има многу помалку неодлучни гласачи кои во последен момент одлучуваат да го сменат својот избор.

Некои веруваат дека постојат гласачи кои се воздржани и не сакаат да кажат дека го преферираат Трамп поради сите контроверзии кои се врзуваат за неговото име. „Анкетите беа погрешни минатиот пат, а овојпат се уште попогрешни“, кажа Трамп.

Трафалгар груп, институтот за спроведување анкети кој го фаворизираат републиканците и кој сака да внесе методологија која ќе ја земе предвид воздржаноста, е еден од ретките кој во 2016 предвиде дека Трамп ќе ги освои Пенсилванија и Мичиген.

Овој пат дури и тие му даваат предност на Бајден во клучните држави како Пенсилванија и Висконсин.

Пред четири години бизнисменот и политичкиот почетник беше новост, а таквите кандидати секогаш се тешки за проценување. „Сега сите имаат некакво мислење за него, го нема повеќе истото ниво на изненадување“, вели Џексон.

Њујорк тајмс смета дека Бајден може да победи и ако анкетите грешат

Њујорк тајмс пресметал дека Бајден сепак би можел да победи дури и ако анкетите грешат како пред четири години.

„Бајден во нашите анкети е поблиску до освојување на Тексас – со што вкупно би надминал 400 електорски гласови – отколку што е претседателот Трамп ако победи во традиционалните боишта како Пенсилванија и Невада“, пишува новинарот на Њујорк тајмс Нејт Кон.

Анкетарите и аналитичарите истакнуваат дека намерите на гласачите не можат да се предвидат и дека постои можност за грешка. Страницата Фајв трти ејт 16 дена пред изборите во 2016 ѝ даваше на Клинтон 86 отсто шанси за победа, исто колку на Бајден сега.

Во САД регистрацијата на гласачите поприлично варира па е особено тешко да се предвиди исходот на изборите.

Трамп ентузијастично ја истакнува посетеноста на неговите митинзи, но ќе се пренесе ли тоа на гласачките кутии?

Ќе го поддржат ли демократите, кои не беа многу ентузијастични за Клинтон, Бајден за да го избркаат Трамп? И каков ефект ќе има пандемијата на коронавирусот?

„Имаме гласање по пошта и предвремено гласање кое ќе биде на историско ниво“, вели Џексон.

„Не знаеме каков ефект ќе има тоа. Има многу комплицирачки фактори, и не се знае кои анкети да се земат предвид“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе