Во големо интервју за Си-ен-ен

Бајден: Путин тотално утна со процените за нападот врз Украина, но мислам дека е рационален актер

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-ен-ен рече дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е „рационален актер“, кој сепак погрешно ја проценил својата способност да ја нападне Украина и да го покори нејзиниот народ.

Фото: ЕПА

„Мислам дека тој е рационален актер, кој многу згрешил во процените“, рече Бајден додека руските бомбардирања врз цивилни цели во Украина сигнализираа уште една пресвртница во повеќемесечната војна.

Бајден рече дека заканите што доаѓаат од Русија може да резултираат со катастрофални „грешки“ и „погрешни процени“, но одби да објасни како САД ќе одговорат доколку Путин прати тактичко нуклеарно оружје на украинското бојно поле.

Освен тоа, американскиот претседател рече дека Саудиска Арабија ќе ги сноси последиците откако во партнерство со Русија најави намалување на производството на нафта, што може да предизвика зголемување на цената на гасот.

Си-ен-ен објави дека Бајден во последниве месеци разговарал со највисоките функционери за можните потези што Путин би можел да ги направи бидејќи неговата војска го губи теренот во Украина. Бајден ги нарече Путиновите цели во Украина смешни.

„Слушајте го што зборува. Ако го слушнете говорот што го одржа по одлуката за напад, ќе слушнете дека тој зборуваше за таа целата идеја – беше потребно тој да биде лидерот на Русија што ќе ги обедини сите руски говорители. Мислам дека тоа е ирационално“, рече Бајден, продолжувајќи:

„Мислам дека говорот на Путин, неговите цели, не се рационални. Мислам дека тој сметал дека Украинците ќе го пречекаат со раширени раце, дека Киев е домот на мајка Русија и дека ќе биде добредојден, и мислам дека тој направил комплетно погрешни процени“.

Си-ен-ен вели дека Украина минатиот месец почна успешна контраофанзива, со која врати голема територија, додека оваа недела Русија го почна најтешкото бомбардирање од февруари.

Запрашан дали ќе се сретне со Путин на самитот на Г-20 во Индонезија, кој ќе се одржи следниот месец, Бајден одговори: „Зависи за што точно сака да разговара. Ако сака да зборува за затворената американска кошаркарка Бритни Грајнер, јас ќе бидам отворен за разговор“, рече Бајден.

„Но видете, Путин се однесуваше брутално. Мислам дека изврши воени злосторства. Затоа, не гледам разумна причина сега да се сретнам со него“, додаде Бајден.

Американскиот претседател, кој минатата недела предупреди дека ризикот од „нуклеарен армагедон“ е највисок во последниве 60 години, рече дека сепак не верува дека Путин е подготвен да користи нуклеарно оружје.

Нуклеарни „грешки“ или „погрешни процени“

„Мислам дека нема“, рече тој.

„Мислам дека е неодговорно лидерот на една од најголемите нуклеарни сили во светот да вели дека можеби ќе употреби нуклеарно оружје во Украина“, смета Бајден.

„Мислам дека тоа би довело до ужасен исход. И не затоа што некој ќе го претвори во светска војна или нешто слично, туку штом ќе употребите нуклеарно оружје, грешките што може да се направат, погрешните процени... којзнае што би се случило“, рече Бајден.

„Путин всушност не смее неказнето да продолжи да зборува за користење нуклеарно оружје како тоа да е нормална работа. Се прават грешки. И може да се случи погрешна процена. Никој не може да биде сигурен што ќе се случи и може да заврши со армагедон.“

Бајден одби да одговори како би изгледал американскиот одговор доколку Путин продолжи со нуклеарните закани.

„Која е црвената линија за Соединетите Американски Држави и НАТО и дали сте му дале наредба на Пентагон и другите агенции да размислат каков ќе биде одговорот доколку Путин навистина употреби тактичко нуклеарно оружје или ако ја бомбардира нуклеарната централа Запорожје во Украина или нешто слично по тие линии?“, го праша новинарот на Си-ен-ен Џејк Тапер.

„Разговаравме, но нема да навлегувам во тоа. Би било неодговорно од моја страна да кажувам што би направиле или не би направиле“, одговори американскиот претседател.

„Сепак дали му наредивте на Пентагон да ги испита сценаријата?“, праша Тапер.

„На Пентагон не му треба наредба“, рече Бајден.

Неколку часа пред интервјуто за Си-ен-ен, Бајден беше на виртуелен состанок со земјите од Г7, од кои украинскиот претседател Володимир Зеленски побара да се зајакне противвоздушната одбрана поради новите руски бомбардирања.

Зеленски на состанокот рече дека „заедничките напори за создавање воздушен штит за Украина“ мора да се засилат поради нападите на руските крстосувачки ракети и беспилотни летала. Белата куќа, од друга страна, соопшти дека САД се подготвуваат да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, вклучувајќи ги и антиракетните одбранбени системи што Бајден наскоро ќе ги испорача.

Си-ен-ен пишува дека интензивните руски воздушни напади врз Киев и цивилната инфраструктура би можеле да бидат знак за промена на тактиката за тероризирање на Украинците во текот на зимата.

„Последици за Саудиска Арабија“

Бајден рече и дека е време да се преиспитаат односите меѓу САД и Саудиска Арабија, откако таа се здружи со Русија за да го намали производството на нафта, одлука што САД од петни жили се обидуваа да ја спречат, истакнува Си-ен-ен.

„Ќе има последици за она што Саудиска Арабија го направи со Русија“, нагласи Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе