Белата куќа упорно негира дека САД се во рецесија

Бајден: Економијата е на вистинскиот пат

Претседателот на Соединетите Американски Држави се трудеше вчера да го намали гневот на гласачи поради состојбата на економијата. Тој изјави дека успорувањето не шокантно откако податоците покажаа дека економијата повторно претрпела пад во вториот квартал.

EPA-EFE

„Не е изненадување тоа што економијата успорува додека Федералните резерви дејствуваат за да ја намалат инфлацијата“, наведе американскиот претседател во соопштение. „На добар пат сме и од оваа транзиција ќе излеземе уште посилни и посигурни“.

Загриженоста околу економијата е во фокусот на политичката програма на Бајден пред изборите на средината на мандатот на 8 ноември, на кои неговата Демократска партија би можела да ја изгуби контролата во Конгресот. Популарноста на претседателот е рекордно падната на 36 отсто, според анкетата на Ројтерс/Ипсос, при што економијата е наведена како главна грижа на гласачите поради порастот на цените на животните намирници, горивата и кириите.

Иако падот на БДП во втор по ред квартал ја исполнува стандардната дефиниција на рецесија, Белата куќа тврди дека пошироките услови за рецесија не е се ни приближно исполнети, имајќи ги предвид порастот на потрошувачката на домаќинствата и силниот пазар на труд. Бајден остана оптимист околу изгледите на економијата и покрај комбинацијата од страв од успорување на економијата и загриженоста поради инфлацијата која достигна највисоко ниво во последните 40 години.

Републиканската партија ги користи високата инфлација и слабоста на економијата за напади врз Бајденовата економска политика и приоритетите на трошењето. Партијата жестоко ги критикува обидите на Белата куќа да ја сузбие приказната за рецесија.

Анкета спроведена од Њуз нејшн и Десижн деск покажа дека повеќето американски гласачи не сакаат Бајден или неговиот претходник Доналд Трамп да се кандидираат за следните претседателски избори во 2024 година.

Повеќе од 60 отсто од гласачите и 30 отсто од демократите сметаат дека Бајден, чија популарност е во слободен пад од април, не би требало повторно да се кандидира. Од сите гласачи, 57 отсто изјавиле дека Трамп не би требало повторно да се кандидира. Меѓу републиканците, тој процент е 26 отсто.

Неодамнешна анкета спроведена од Монмаут открила дека само 10 отсто од Американците веруваат дека нивната земја оди во правилна насока.

Меѓутоа, повеќето анектирани не знаат да кажат кој би сакале да се кандидира. Потпретседателката Камала Харис и гувернерот на Флорида Рон Десантис се водечките кандидати кои ги навеле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе