Азиско-пацифичките лидери шокирани од убиството на Абе

Азиско-пацифичките лидери се шокирани и огорчени од убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој денеска почина откако беше застрелан додека држеше говор на предизборен митинг во градот Нара.

Фото: ЕПА

„Шокиран сум и неописливо тажен поради трагичната смрт на еден од моите најдраги пријатели, Шинзо Абе“, напиша индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер.

Тој го опиша Абе како исклучителен светски државник и извонреден лидер и истакна дека поранешниот премиер на Јапонија го посветил својот живот за да ги направи својата земја и светот подобро место, пренесува јапонски Кјодо.

Австралискиот премиер Ентони Албаниз во соопштение рече дека веста за смртта на поранешниот лидер на Јапонија е катастрофална и го нарече Абе „џин на светската сцена“.

Во име на австралиската влада и народ, тој изрази сочувство до семејството, пријателите и до народот на Јапонија.

Тајландскиот премиер Прајут Чан-Оча изрази жалење за убиството на Абе, за кој рече дека бил „клучен двигател на билатералните односи меѓу Тајланд и Јапонија“, изјави портпаролот на тајландската влада.

„Во име на владата на Тајланд и народот на Тајланд, сакам да упатам најдлабоко сочувство до семејството, владата и народот на Јапонија за оваа загуба“, ги пренесе портпаролот на владата зборовите на тајландскиот премиер.

Зборуваше и тајванската претседателка Цај Ингвен, која рече дека светот изгубил важен лидер, а Тајван изгубил пријател, пренесе Ројтерс.

„Не само што меѓународната заедница загуби важен лидер, туку и Тајван загуби важен и близок пријател. Тајван и Јапонија се две демократски земји со владеење на правото, а нашата влада силно ги осудува насилните и незаконски дејствија“, вели Цај во соопштението објавено од нејзиниот кабинет.

Абе почина денеска во болница, каде што беше однесен откако беше застрелан додека држеше говор на предизборен митинг во градот Нара.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе