Јавноста е често збунета од јавните настапи на српскиот претседател

„Авторитарен карактер“: двете лица на Вучиќ – во Србија агресивен, во странство понизен

Во Србија агресивен, во странство понизен, се зборовите на експертите кои најприближно го опишуваат политичкиот настап на претседателот на Србија Александар Вучиќ на двата фронта, домашната и светската политичка сцена, пишува порталот Нова.рс.

Screenshot

Јавноста на Србија е често збунета од јавните настапи на Вучиќ.

Од удирање со рака по маса, како што народски би се кажало, агресивна реторика упатена кон соговорниците, граѓаните, соработниците и новинарите, до целосната смиреност, сталоженост и често понизност која ја покажува во официјалните посети на европските и светските лидери.

Соговорниците на Нова се целосно согласни дека тука станува збор за две или повеќе лица на Александар Вучиќ, кои се менуваат во зависност од потребата, пред сѐ маркетиншката.

Психологот Жарко Требјешанин вели дека тука станува збор за авторитарен карактер, кој на дело можевме да го видиме и деновиве, „еден Вучиќ во Белград, сосема поинаков во Париз со францускиот претседател“.

„Кон оние над кои се чувствува супериорно, како што се граѓаните или неговите соработници, претставниците на опозицијата, се однесува надмено, садистички и сурово. Со еден презир кој неретко му се исчитува на лицето. Тоа го видовме и деновиве во врска со демонстрациите или короната. Од друга страна, во посетите на странските лидери се однесува понизно, покажува класичен однос на идолопоклонство. Сѐ во зависност од потребата, дали треба да ја демонстрира сопствената моќ или да се восхитува на туѓата. Овој пат сервилен однос покажа кон Макрон“, објаснува Требјешанин.

Само еден ден по насилните протести во Белград, претараната употреба на полициска сила и тешките зборови кои од зградата на Претседателството им ги упати на граѓаните, опозицијата и „странските фактори вмешани во демонстрациите“, јавноста на Србија со видлив восхит на претседателот беше информирана за тоа дека час и пол разговарал во четири очи со Макрон и дека потоа биле на вечера, но и дека му бил дозволен влез во одаите на францускиот претседател.

„Гостопримството кое ми го укажа Макрон е речиси неверојатно, во западните земји тоа досега не сум го доживеал. Како посебен симбол, ме одведе во своите одаи, кои само тој ги користи, покажа исклучително внимание кон Србија. Се сети на посетата на Белград (во јули минатата година) и емоциите кои ги доживеал. Му беше важно да покаже исклучително гостопримство“, наведе Вучиќ.

Со слични зборови претседателот на Србија се користи и кога ги опишува своите разговори со останатите светски лидери, пишува Нова.рс.

Така рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, кинескиот претседател Си Џинпинг или американскиот Доналд Трамп се само некои од големите имиња кои се на листата на „големите пријатели и браќата“ на Александар Вучиќ.

Во една прилика му се испушти па самиот кажа дека на ручек со Ангела Меркел ништо не јадел за да може да слушне сѐ што има таа да каже.

Социологот Ратко Божовиќ смета дека настапите на Вучиќ отсликуваат неврамнотеженост.

„Кога човек покажува екстремна суровост кон едни, а на другата страна речиси ползење на колена, тоа е знак на неврамнотеженост. Комплексоте се чудо, тие секогаш одат кон агресија која ги покрива фрустрациите, да ја надомести празнината. Па кога, ве молам, сте слушнале од некој лидер да раскажува како некој го дочекал од државниците. Тоа никој не го прави освен него. Истиот тој однос го всади и кај своите соработници. Така како што тој зборува за Макрон, Путин, или Меркел, тие зборуваат за него. Зборувајќи за која било тема, мора да го пофалат. Тоа им е како едно очекувано однесување, и кога е присутен и кога го нема“, заклучува Божовиќ.

Требјешанин смета дека Вучиќ својата двојна игра ја учел токму од својот „политички татко“, лидерот на српските радикали Војислав Шешељ.

„Шешељ е исто така еден целосно авторитарен карактер, од кој Вучиќ учел. И не само тоа, своевремено во присуство на Шешељ беше како чирак мирен и тивок, дури кога него го немаше стануваше агресивен. Денес ситуацијата е поинаква, денес Шешељ се однесува сервилно кон Вучиќ“, вели Требјешанин.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе