Паднала на ниво на второпласираната СПО

Австрија: Истрагата против Курц ја намалила популарноста на владејачката ОВП

Истрагата против Себастијан Курц поради мито и корупција ја намалила популарноста на Народната партија на Австрија (ОВП), покажуваат истражувањата на јавното мислење.

EPA-EFE

ОВП до скоро беше значително најсилната политичка сила, а во актуелното истражување паднала на ниво на второпласираната Социјалдемократска партија (СПО).

Според истражувањето на Институтот за демократија и анализа на податоци, ОВП и СПО, по долги години, се повторно изедначени.

ОВП, во моментов, би добила 25 отсто од гласовите, колку што би освоила и СПО.

На изборите во 2019 година ОВП освои над 30 отсто од гласовите, додека СПО беше нешто над 20 отсто.

На третото место се наоѓа Партијата на слободата на Австрија (ФПО) која би освоила 18 отсто од гласовите, два до три повеќе од претходно.

Четврта сила е НЕОС кој би можел да освои 11 отсто, пет отсто повеќе отколку на минатите избори.

Исто 11 отсто од гласовите би добиле коалициските партнери на ОВП, Зелените, кои паднале за четири отсто.

Интересно е што во австрискиот парламент би влегла и антиваксерската партија „За луѓето, слободата и основните права“ (МФГ), на која гласот би ѝ го дале седум отсто од граѓаните.

На прашањето дали треба да се одржат предвремени избори 42 отсто одговориле потврдно, а 48 отсто се против.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе