Атлантик: Трамп загинатите американски војници ги нарекол лузери и наивни

Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмевал со американските војници загинати во Првата светска војна нарекувајќи ги „лузери“ и „наивни“, пишува Атлантик, врз основа на неколку извори кои биле присутни кога Трамп тоа го кажал.

EPA-EFE

Сето тоа наводно се случило при посетата на Трамп на Франција во 2018 при одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, кога ја откажа посетата на гробиштата на паднатите американски војници погребени на гробиштата Ен Марн американ семетери. Таму се закопани повеќе од две илјади американски војници, главно загинати во Битката на Марна во летото 2018.

„Зошто би отишол на тие гробишта? Полно е со лузери“, им кажал Трамп на своите подредени, според четири извори кои присуствувале на тој разговор.

Трамп своето откажување на посетата тогаш го оправдуваше со дождот кој ја „намалил видливоста“, па претседателскиот хеликоптер Марин уан не можел да полета. Лимузината, како што тврдеа тогаш од Белата куќа, не сакал да го користи за да не го заглави сообраќајот во Париз.

Наместо тоа, Трамп саботата ја помина во резиденцијата на американскиот амбасадор во Париз, а следниот ден посети други американски гробишта во предградие не Париз, до кои патот од местото каде што отседна е многу пократок. Но тоа не го менува фактот дека францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо и други во заедничка церемонија положија венци и им оддадоа почит на паднатите американски војници, и покрај дождот – а Трамп не беше таму.

Подоцна при истото патување тој ги нарекол над 1.800 американски војници, кои загинале во Битката во шумата Белу „наивни“, бидејќи непријателот ги убил.

„Кои биле добрите момци во оваа војна“, ги прашал збунето своите помошници, според истите извори.

Освен тоа, Атлантик пишува дека Трамп со својот тогашен министер за државна безбедност и пензиониран генерал Џон Кели го посетил гробот на синот на Кели, Роберт, кој како војник загинал во Авганистан во 2010.

„Не разбирам. Што имал тој од тоа?“, наводно го прашал Трамп Кели, додека заедно стоеле пред гробот на неговиот син. Кели наводно прво помислил дека Трамп се шегува, но потоа сфатил дека Трамп едноставно не го сфаќа поимот за пожртвуваност.

„Тој едноставно не ја разбира идејата да се направи нешто за некого освен за себе. Едноставно мисли дека кој било што ќе направи нешто без каква било лична корист е наивен. Нема пари во служба на нацијата. Трамп не може да замисли нечија туѓа болка. Затоа му го кажал тоа на таткото на загинатиот маринец на Меморијалниот ден на гробиштата каде тој е закопан“, кажал пријател на Кели за Атлантик.

Белата куќа по објавувањето на написот во Атлантик, кој го потпишува Џефри Голдберг, демантираше сѐ. „Овој извештај е очигледно лажен. Претседателот Трамп има најголемо почитување за војската. Ја покажува таа лојалност кон нив во секоја прилика“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Меѓутоа, новинарот на Асошиејтед прес, Џејмс Лапорта, објави на Твитер дека висок функционер на министерството за правосудство „му го потврдил написот на Џефри Голдберг во целост“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе