„Век на победникот“

Асошиејтед прес: Србија покажува сила со воените вежби во екот на тензиите со Косово (ВИДЕО)

Србија одржува големи воени вежби со кои одбележува сто години од завршувањето на Првата светска војна, и, како што изгледа, покажува сила во екот на јакнењето на тензиите околу Косово, пишува Асошиејтед прес.

Американската агенција наведува дека маневрите со боева муниција наречени „Век на победникот“ вклучуваат 8.000 војници, 100 тенкови и ловците МиГ-29 добиени од Русија.

Тензиите неодамна пораснаа во регионот каде Србија и Косово заемно се обвинуваат дека ги поткопуваат напорите за помирување по војната од 1998-1999 која беше завршена со интервенција на НАТО, пишува АП и наведува дека „поранешната српска покраина“ прогласи независност во 2009 која Белград не ја признава.

Српските власти се особено загрижени поради планот на косовското албанско раководство да ги трансформира безбедносните сили во редовна војска, и Србија предупреди дека ќе преземе мерки, не наведувајќи какви, за да го спречи тој потег и да го „заштити“ српското малцинство на Косово, пишува АП.

Според американската агенција, Србија со помош на својот сојузник Русија неодамна го засили тропањето со оружје околу Косово вклучувајќи го кревањето на борбената готовност на својата војска околу „низа помали инциденти“.

„Спрската воена интервенција на Косово би предизвикала директен судир со мировните сили на НАТО кои се таму стационирани“, истакнува АП.

Агенцијата ги пренесува зборовите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствуваше на воената вежба, дека Србија ќе ги зајакне своите дефанзивни сили со нова опрема, вклучувајќи хеликоптери, борбени тенкови од Рѕсија и дронови од Кина, како и неговата изјава дека Србија драматично ја јакне својата војска и дека никој во регионот не може да се мери со неа, освен можеби Романија.

Србија често погрешно се обвинува дека ја почнала Првата светска војна кога српскиот националист Гаврило Принцип го убил австроунгарскиот надвојвода Франц Фердинанд во Сараево во 1914, со што беа придвижени низата настани кои на крајот доведоа до војната.

Србија изгуби околу половина од своето машко население во четиригодипната војна, вклучувајќи 130.000 војници во низата битки на Балканот против многу посилниот непријател. Српските загуби се сметаат меѓу најтешките меѓу европските земји, во однос на бројот на жители, пишува АП.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе