Судењето почнува во вторник

Асошиејтед прес: Слаби се шансите Сенатот на САД да го осуди Трамп

Сенатот на САД речиси извесно нема да го осуди поранешниот претседател на државата Доналд Трамп, обвинет дека ги поттикнувал на бунт поддржувачите кои упаднаа во Конгресот, оценува американската агенција Асошиејтед прес.

EPA-EFE

Судењето на Трамп во Сенатот почнува во вторник, откако Претставничкиот дом го изгласа неговото отповикување на 13 јануари, по обвинението дека ги поттикнувал на бунт поддржувачите кои упаднаа во Конгресот на САД на 6 јануари, за време на седницата на која подоцна таа ноќ беше потврдена победата на демократот Џозеф Бајден на изборите.

Во немирите во текот на четиричасовната окупација на Конгресот од страна на поддржувачите на Трамп загинаа пет лица.

Непосредно пред упадот во Конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на собир во Вашингтон, со повторување на неоснованите тврдења дека е украден на претседателските избори на 3 ноември и повикувањето на поддржувачите „жестоко да се борат“ против изборните резултати и да одат до блиската зграда на парламентот на Капитол хил.

Дека се слаби изгледите Трамп да биде осуден во Сенатот, АП оценува врз основа на тоа што многу членови на неговата Републиканска партија, кои првично остро го критикуваа поради изјавите на протестот на 6 јануари, во меѓувреме го ублажија ставот.

Таа промена на ставот беше очигледна на таканареченото пробно гласање на 26 јануари, кога само пет сенатори-републиканци гласаа против предлогот на поранешниот претседател да не му се суди во Сенатот.

За Трамп да биде осуден, 67 од 100 сенатори треба да гласаат за усвојување на обвинението за „поттикнување бунт“.

Ако за осуда гласаат сите 50 сенатори од редовите на Демократската партија, против Трамп би морале да се изјаснат и најмалку 17 негови републиканци.

Иако официјално се нарекува судење, процесот во Сенатот не е правен, туку политички, а казната за осудениот е моментално разрешување од должноста претседател.

Додека некои членови на Конгресот наведуваат дека судењето на Трамп е неуставно, бидејќи тој повеќе не е на функција, со тоа не се согласуваат демократите и многу правни експерти, наведува АП.

Адвокатите на одбраната веќе укажаа дека ќе ја оспорат уставноста на процесот бидејќи Трамп повеќе не е во Белата куќа.

Демократите, меѓутоа, наведуваат дека Сенатот, во случај на осудувачка пресуда, би можел да му забрани на Трамп да обавува јавни функции во иднина.

За на Трамп по осудувачката пресуда да му биде забрането кандидирање за шеф на државата, сенаторите би морале повторно да гласаат, но тогаш би било доволно просто мнозинство, за разлика од претстојниот процес.

Бидејќи и демократите и републиканците имаат по 50 сенатори, би одлучувал гласот на претседавачката со Сенатот, а тоа по функција е потпретседателката на САД, демократката Камала Харис.

Двајца универзитетски професори по право, Брус Акерман и Џерард Маљока, наведоа неодамна во Вашингтон пост дека Конгресот, ако Трамп биде ослободен, би можел да се повика на одредба на 14 амандман на уставот на САД која забранува вршење функција на сојузно ниво на лицата кои „биле дел од бунт против“ уставот.

На Трамп би му било забрането повторно да биде кандидат за претседател ако мнозинството на двата дома на Конгресот се изјаснат на ново гласање дека бил дел од бунтот. За таквиот исход подоцна да биде поништен и на Трамп да му биде дозволено да биде кандидат за Белата куќа, во иднина е потребно двотретинско мнозинство во секој од двата дома на Конгресот, пишува АП.

Неизвесно е колку ќе трае судењето на Трамп. Демократите сакаат да трае кратко, една недела или две, за Бајден да може да продолжи со спроведувањето на својата амбициозна програма.

Со судењето ќе претседава најстариот сенатор, демократот Патрик Лихи.

Според уставот на САД, кога му се суди на актуелен претседател, процесот мора да го води претседателот на врховниот суд на САД, но бидејќи Трамп повеќе не е на функција, ќе претседава најстариот сенатор, чија улога е претежно церемонијална.

Обвинението против Трамп ќе го претстави деветчлен тим таканаречени „обвинители“, демократи од Претставничкиот дом, кои ќе ги предводи професорот по уставно право Џејми Раскин.

На обвинителите нема да им биде лесно да ги убедат републиканците да гласаат против Трамп.

Тие тврдат дека немири немаше да има без Трамп и дека тој мора да биде прогласен за одговорен за насилството.

Во документот кој го поднесоа минатата недела, обвинителите користеа фотографии на кои е документирано насилството, но и емотивни тврдења во прилог на вината на Трамп.

Се очекува обвинителите да пуштаат видео-снимки од упадот во Конгресот за време на процесот во Сенатот, наведува АП.

Поротата ја сочинуваат сите 100 сенатори. Ним за време на процесот не им е дозволено да поставуваат прашања, но тоа можат да го прават преку претседавачот Лихи.

Сведочењето на Трамп не е изгледно. Тој преку своите адвокати го одби барањето на обвинителите да сведочи, а во овој момент не се очекува да добие обврзувачки повик.

Поранешниот американски претседател повеќе нема пристап ни до социјалната мрежа Твитер, која обилно ја користеше кога Сенатот прв пат му судеше откако Претставничкиот дом изгласа негово отповикување во декември 2019 година.

Трамп е единствениот американски претседател чие отповикување двапати изгласа долниот дом на Конгресот. Пред Трамп, Претставничкиот дом ги отповика претседателите Ендрју Џонсон во 1868 и Бил Клинтон во 1998, но Сенатот ги ослободи од обвинувањата.

Во случај на неочекувана осудувачка пресуда во претстојниот процес, Трамп би станал првиот претседател на САД кого Сенатот го осудил по обвинение од Претставничкиот дом.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе