НАЈЖЕСТОКАТА ВЕРБАЛНА БИТКА ОД 90-ТИТЕ

Асошиејтед прес: Повторно се разжестува воената реторика на Балканот

Во најжестоката вербална битка од војната во 1990-тите, Србија ја предупреди Босна дека ќе им помогне на босанските Срби доколку бидат нападнати додека растат тензиите на Балканот.

Американската новинска агенција пишува дека министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави денес дека Србија „секако нема да дозволи разорување или воен напад“ на автономниот босански ентитет Република Српска, формирана врз основа на мировниот договор постигнат со посредство на САД кој ја подели Босна.

Ова АП го пишува во текстот насловен „Повторно воена реторика на Балканот“.

Агенцијата укажува дека „Дачиќ реагирал на изјавата на воениот командант на Армијата на БиХ Сафер Халиловиќ кој кажа дека без српска помош босанските Срби не би можеле да им се спротивстават на федералните сили (на Федерацијата БиХ) повеќе од 15 дена“.

АП истакнува дека Халиловиќ е генерал во пензија и дека тоа го изјави за локална босанска телевизија и дека „не го кажувал во никаква официјална функција“.

Република Српска, која АП ја нарекува „минидржава“, во недела одржува референдум за задржување на 9 јануари како свој национален празник, а тоа е датумот кога босанските Срби прогласија формирање своја држава во Босна.

Во војната во која следеше, пишува АП, тие ги „протераа несрбите од териториите под своја контрола со цел таа да стане дел од соседна Србија. Луѓето кои не се Срби кои живеат таму, датумот го гледаат како симбол на своето протерување и знак дека Република Српска и понатаму е место наменето само за Срби“.

Уставниот суд на БиХ пресуди дека тој празник би бил дискриминација на штета на босанските муслимани и Хрватите, пишува АП и потсетува дека Русија го поддржува одржувањето на референдумот, додека САД и Западот се против него.

Меѓународното тело кое го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор, Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИЦ), ги повика денес партиите да се воздржат од „какви било мерки на реакција и реторики на поделба“.

Ова тело „остро ги осуди сите изјави кои ја поткопуваат стабилноста и безбедноста, или кои го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на БиХ“, пишува АП.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе