АП: „Премногу луѓе се себични“, па САД стигнаа до пет милиони заразени

Прославите на Денот на независноста на 4 јули, матурските забави, свадбите без маски, преполните кафулиња и барови - се причините што ги „усреќија“ САД со повеќе од 155.000 смртни случаи на коронавирус, највисока бројка во светот, а брзо се приближуваат и до отскокнување од сите табели со петте милиони потврдени инфекции, што исто така е највисоко.

Фото: ЕПА

Многу Американци се спротивставија на употребата на маски и социјално дистанцирање, нарекувајќи ги ваквите мерки претерување и нарушување на нивната слобода. Експертите за јавно здравје велат дека проблемот е влошен со збунувачките и недоследни упатства од политичарите и различни мерки од различните нивоа на власт - од обласното до федералното.

„Она што нè разбеснува е што во исто време гледаме дека други држави, една по друга, покажуваат како и ние можеме да го сузбиеме вирусот“, рече д-р Џонатан Квик од Здравствениот институт на универзитетот Дјук. „Не е дека не знаеме што треба да се прави, знаеме!“

Потврдените инфекции во САД надминаа 4,7 милиони, а повеќе од 60.000 нови случаи се случуваат секој ден. И покрај тоа што е помалку од пикот со над 70.000 во втората половина на јули, случаите на инфекција се зголемуваат во 26 од 50 држави во САД, а бројот на починатите се зголемува во 35.

Просечниот број на смртни случаи од ковид-19 дневно во САД во последните две недели достигна 780 на 1.056, се вели во анализата на агенцијата Асошиејтед прес.

Во Масачусетс здравствените службеници испитуваат неколку нови случаи поврзани со собири како што се забава на спасувачи од базен, една матурска забава, фудбалски камп и крстосување со брод.

Една неодамнешна куќна забава во Кејп Код, на која присуствувале дури 60 луѓе, доведе до десетици нови случаи и принуди некои ресторани во кои тие оделе комплетно да затворат во екот на туристичката сезона.

Жариштата на зараза низ САД се појавуваат на места што изгледаа идеални за избегнување на епидемијата: во села, раштркани населби со многу отворен простор. Во Јужна Дакота, епидемијата се разгоре во летен камп на христијанската младина, каде што 96 од 328 лица беа заразени.

„Сега ковид-19 толку се прошири што веројатноста за зараза се зголеми насекаде во САД“, рече Синди Принс, епидемиолог од Универзитетот Флорида.

Таа додаде дека сега станува збор за „бихејвиорална болест“ - која директно зависи од однесувањето на луѓето. Превенцијата, рече таа, значи „промена на однесувањето, а тоа им е тешко на луѓето. Ние сме друштвени суштества“.

Во Вирџинија демократскиот гувернер Ралф Нортам, единствениот гувернер на некоја држава што е лекар, ги наведе сè поголемиот број инфекции кај младите луѓе и рече дека проблемот е во тоа што „премногу луѓе се себични“ - не сакаат да се откажат од навиките.

Тој ја ограничи продажбата на алкохолни пијалаци и собирите на максимум 50 лица затоа што, како што рече, „сите знаеме дека алкохолот ги менува процените... едноставно по неколку пијачки не ви е толку гајле за социјалното дистанцирање“.

Во Брендон, Јужна Дакота, илјадници навивачи на тркачки автомобили се напикаа на 9.000 седишта на една тркачка патека минатиот викенд. Многумина не носеа маски, ниту се држеа подалеку од другите.

„Некако ја надминавме целата оваа работа со ковид. Нема да носам маска освен ако апсолутно не морам“, рече 21-годишната Вероника Фриц и додаде: „Јас сум многу силна христијанка и знам каде одам и верувам дека Бог ќе ме земе кога ќе треба да заминам. Значи, ако добијам ковид и умрам од ковид, тоа нема да биде моја одлука“.

Џоси Маковец, мајка на три деца, која ја тужеше власта поради наредбата да се носи маска во округот Палм Бич, на Флорида, рече дека не верува дека државата има право да бара од луѓето да користат медицински помагала и дека не гледа јасни докази дека маските го запираат пренесувањето на вирусот.

„Индустријата“ на организирање свадби организира и собири без маски на преполни подиуми за танц и без да се држи растојание помеѓу гостите.

Планерката на свадби Лин Голдберг за декември подготвува свадба со 200 гости во домот на родителите на невестата во Њујорк.

„Јасно рекоа дека пандемијата нема да го наруши нивниот план за свадба и дека нема да има маски и предупредувања за да се одржи социјална дистанца на свадбата“, рече таа.

„Невестата рече дека кога некогаш ќе им ја покажува на своите деца видеоснимката од свадбата, не сака таа да биде документарец за пандемијата во 2020 година“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе