Антиваксерството е старо колку и вакцините

Првиот „антиваксерски“ протест е организиран во 1885 година во Лестер и собра 100.000 луѓе.

Фото: ЕПА

И францускиот хемичар и биолог Луј Пастер некогаш бил нарекуван „вештерски научник“, а скептицизмот кон вакцините е стар колку и самите вакцини, пишува францускиот историчар Лоран-Анри Вињо во својата книга Антивакс, дело што го следи двовековното антиваксерско движење.

„Такви движења отсекогаш постоеле“, вели Вињо, историчар на Универзитетот во Бургунди, порано познат како Универзитет во Дижон, во интервју за АФП.

Тој потсетува дека во 1796 година англискиот лекар Едвард Џенер, кој се смета за татко на имунизацијата, предизвика контроверзии во рурална Англија со своите постапки.

Открил дека имунитет за големите сипаници создава и вакцинацијата на лице со вирусот на кравји сипаници од лезии. Во 1796 година Џенер ја внел вакцината, или инокулум на кравји сипаници, во телото на момчето Џејмс Фипс. Тој инокулираната течност ја нарекол вакцина, а постапката вакцинација (вакцинирање), од латинскиот збор „vacca“ што значи крава (вакцина / вакцинација).

Вакцинацијата од овој тип наскоро се спроведувала низ целиот свет.

Така, вакцинацијата на момчето била успешна, но „колегите лекари тогаш го уверуваа - преносот на крв од крава ќе нѐ претвори во крави“, напиша историчарот.

Дебатата за вакцинацијата во тоа време се водела „исклучиво во медицински кругови“, пред во 1853 година, во согласност со тогашниот англиски закон, да се воведе задолжителна вакцинација против големи сипаници за деца од семејствата што примаат социјална помош. Ако родителите одбиеле да го вакцинираат детето, им било укинувано правото на социјална помош.

Првите антиваксерски протести во Лестер во 1885

Против „таквата уцена“ биле организирани протести, од кои најголемите се одржале во 1885 година во Лестер. На нив се собрале дури 100.000 луѓе.

Тој прв „антиваксерски“ протест во историјата имал одек. Во 1906 година бил воведен нов закон со кој се проширува обврската за вакцинација, но дозволува секој што ќе потпише клаузула за приговор на совеста да биде изземен од тоа – што сѐ уште е во сила во Обединетото Кралство.

Оттогаш биле одржувани протести во повеќе европски земји и во Америка, иако ретко во Франција, бидејќи ретко се применува законот од 1902 година, поврзан со обврската за вакцинација.

„Контролата им е доверена на градските управи, кои не се склони кон идејата да им изрекуваат казни на граѓаните што не сакаат да се вакцинираат. Кога станува збор за обврската за вакцинација во училиштата, наставниците не се гледаат себеси како полицајци“, вели историчарот.

Но колегите лекари на Пастер жестоко му се спротивставиле кога научникот ја развил вакцината против беснило во 1885 година.

„Неговото достигнување беше исклучително лошо прифатено. Го прогласија за вештерски научник“, вели Вињо.

Но Пастер „е упорен и истакнува дека на сличен начин може да се развијат и други вакцини“, вклучително и онаа против дамчестиот тифус, кој го предизвикуваат нечистотијата и нехигиенските услови на војувањето. Вакцината против дамчестиот тифус беше наголемо користена за време на Првата светска војна, и покрај „повременото противење“.

А потоа во 1950-тите и 1960-тите, струката ја призна вакцината, особено кога научните истражувања покажаа колкава е користа од вакцинацијата против, на пример, детската парализа.

Работата на Луј Пастер на микроорганизмите ги спаси животите на милиони луѓе низ целиот свет. Тој го разви методот за намалување на ефектот на бактериите врз храната и пијалаците со загревање и ладење на материите, сега познато како пастеризација, и разви вакцини против болести како што се антракс, колера и беснило.

Француската специфичност

„Разликите во мислењата дојдоа до израз во 1960-тите“ со порастот на бројот на тужбите во Соединетите Американски Држави поради несаканите ефекти од вакцините.

Во 1986 година беше составена листа на несакани ефекти за кои жртвите можеа да добијат надомест. За прв пат, науката јавно призна дека вакцините можат да им наштетат на мал број луѓе, со што „сомнежот стана легитимен“, вели францускиот историчар.

Истиот сомнеж почна да се шири во Франција кон крајот на 1990-тите години кога беше покрената системската вакцинација на адолесцентите против хепатитис Б.

Скептицизмот дополнително се зголеми кога во 1998 година во Обединетото Кралство, научникот Ендрју Вејкфилд објави лажна студија, која подоцна беше демантирана, а ја поврзуваше вакцината против морбилите со развојот на аутизам. Вињо потсетува дека „за само неколку месеци бројот на вакцинираните деца падна на нула“.

Затоа, вели францускиот историчар, дури и ако бројот на вистинските антиваксери не расте, општеството е сѐ поскептично кога станува збор за вакцинација.

„Тие си мислат: ха, вакцина..., не знам ни дали делува ни дали навистина ми треба“, вели Вињо. „Во исто време, има сѐ повеќе вакцини против болести што често се сметаат за бенигни, како што се заушките или сипаниците, и неупатените всушност се штитат од таа 'ескалација' на вакцините.“

Во Франција во 2009 година „лажната пандемија“ на грип А (Х1Н1) на сево ова му додаде и политичка димензија. По предупредувањето од СЗО за претстоен опасен бран на грип, што на крај ќе се покаже како претерано, владата нарача големи количества вакцини. Но епидемијата ја нема. Соочени со „мерка на претпазливост прогласена залудно“, многу Французи сметаат дека станува збор за „дослух меѓу властите и фармацевтското лоби како дел од движењето против големата фармацевтска теорија на заговор“.

Вињо заклучува дека скептицизмот против вакцините оттогаш прераснал во „недоверба“ кон државата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе