Анкета: Германците сметаат дека САД се поголема закана за демократијата од Кина или Русија

И покрај симпатиите за новиот американски претседател Џо Бајден, граѓаните на Германија сè уште ги доживуваат Соединетите Американски Држави како голема закана по демократијата, поголема од Русија или Кина, пишува денес Шпигл.

EPA-EFE

Според истражувањето на јавното мислење Демокраси перспепшн индекс, што за фондацијата Алајан оф демокрасис ја спровел институтот Латана, 36 отсто од анкетираните граѓани на Германија сметаат дека САД се поголема закана за демократијата во Германија отколку Кина (33 отсто) или Русија (29 отсто).

Кога станува збор за глобалната демократија, Германците се уште покритични: 51 отсто од анкетираните сметаат дека САД негативно влијаат врз демократските процеси во светот.

Политиколозите сметаат дека за промена на односот кон САД кои претходно, особено за Западна Германија, ги симболизираа демократијата и борбата за слобода, се „заслужни“ четирите години владеење на претходниот американски претседател Доналд Трамп.

„Мандатот на Доналд Трамп несомнено трајно ѝ наштети на довербата на европските партнери кон САД“, кажа директорот на фондацијата Алајанс фор демокрасис, Јонас Парело-Плеснер, за Шпигл.

Тој сепак заклучува дека во истражувањето е забележлив „Бајден ефектот“ кој влијаел на порастот на позитивната перцепција на САД во споредба со минатата година.

Како најголема опасност по демократијата воопшто, анкетираните граѓани на Германија ги наведуваат економската нееднаквост, преголемата моќ на големите технолошки концерни и ограничувањето на слободата на мислењето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе