Дополнето обвинението против основачот на Викиликс

Американските обвинители за регрутирањето хакери од страна на Асанж

Американското министерство за правосудство го засили својот случај против основачот на Викиликс со дополнето обвинение кое изнесува нови докажи дека Џулијан Асанж активно регрутирал хакери за компјутерски упади, со што обвинителите се трудат да докажат дека не дејствувал како новинар или издавач, туку како хакер, кршејќи го законот за шпионирање за што би можел да биде осуден на максимално 175 години затвор, јавуваат агенциите.

EPA-EFE

Основачот на Викиликс ковал заговор со хакери поврзани со колективот Анонимус и групата Лулзсек за кои се сомнева дека извршиле бројни сајбер напади  низ целиот свет, се наведува во ажурираното обвинение на американското министерство за правосудство, јавува Блумберг.

Асанж, кој е во притвор во Британија поради барањето за екстрадиција во САД, му дал на шефот на Лулзсек листа на цели кои треба да ги хакираат во 2012 година кажувајќи му дека највлијателните материјали за хакирање ќе бидат од Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Националната агенција за безбедност (НСА) или Њујорк тајмс, соопшти американското министерство за правосудство со напомена дека шефот на Лулзсек во тоа време соработувал со Федералното истражно биро (ФБИ).

САД во јуни минатата година го обвинија Асанж за загрозување на националната безбедност поради заговор за набавување и објавување на тајни податоци. Блумберг истакнува дека ажурираното обвинение е објавено во средата на 24 јуни, сѐ уште има 18 точки, вклучувајќи 17 обвинувања за шпионажа и едно обвинување за хакирање на владината компјутерска мрежа.

Според наводите на обвинението Асанж ѝ помагал на воено-разузнавачката аналитичарка Челси Менинг да ја открие шифрата на компјутерот на американското министерство за одбрана за да дојдат до доверливите документи од базата на податоци кои содржат околу 90.000 извештаи за воени активности во Авганистан, 400.000 извештаи поврзани со војната во Ирак и 250.000 преписки на Стејт департментот кои ја покриваат речиси секоја земја во светот.

Според изменетото обвинение на американското правосудство, основачот на Викиликс барал хакери на конференции во Европа и Азија кои би можеле да дојдат до тајните податоци за тој да ги објави на својата свиркачка страница и бил во заговор со членови на хакерски организации, пишува Асошиејтед прес.

Асанж тврди дека дејствува како новинар кој има право на заштита во согласност со Првиот амандман, истакнува АП, додавајќи дека неговите адвокати тврдат дека обвиненијата за шпионажа и компјутерска злоупотреба се политички мотивирани. По објавувањето на дополнетото обвинение адвокатот на Асанж, Бери Полак, изјави дека тоа претставува „сериозна закана за новинарите“ и дека Асанж обвинението сѐ уште го терети дека го кршел законот за шпионажа врз основа на објавите на Викиликс кои „откриваат воени злосторства извршени од американската влада’.

Една од најпознатите објави на Викиликс е видео снимено на 12 јули 2007 година од американски хеликоптери „апачи“, „Лудиот коњ 1-8“, на кое се гледа убиство на 11 луѓе во Ирак.

Видеото јасно го истакнува кршењето на правилото за убивање луѓе кои не се воено ангажирани ниту закана за американските сили. Меѓу убиените во источен Багдад тој ден биле и 22-годишниот фотограф на агенцијата Ројтерс Намир Нур Елден и неговиот 40-годишен возач Саид Кмаг.

Шефот на редакцијата на Ројтерс во Багдад Дин Јејтс кажа дека американската влада повеќе пати го лажела него – и целиот свет – за тоа што се случило. Дури откако Асанж во април 2010 ја објави снимката наречена „Колатерално убиство“ беше откриена целата вистина за убиствата и лагите на американската војска, кажа тој.

Гардијан додава дека австралиски активисти и функционери сметаат дека неспомнувањето на снимката „Колатерално убиствтво“ во американското обвинение е уште еден доказ дека американската влада не сака да ги истакне сопствените неправди, измами и воени злосторства и е само една од причините зошто светот треба да се спротивстави на оа што му се случува на Асанж.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе