Трамповиот „Вотергејт“

Американскиот претседател и аферата што може да не ја преживее

Американскиот претседател Доналд Трамп не е во Белата куќа ни цел месец, а веќе е разнишан од скандал што може да се спореди со аферата „Вотергејт“, но дали скандалот со Мајкл Флин е само почеток на една поголема афера, прашува Волстрит џурнал.

По само четири дена на должност, Трамповиот советник за национална безбедност Флин во понеделникот поднесе оставка откако медиумите ги открија неговите непримерни контакти со Русија додека на власт сѐ уште беше Барак Обама.

Во писмото со кое ја даде оставката, Флин призна дека „невнимателно пропуштил да ги информира новоизбраниот потпретседател Пенс и други лица за целосните информации за телефонските разговори со рускиот амбасадор.

Во моментот кога администрацијата на Обама кон крајот на декември нареди санкции против Русија поради наводната вмешаност во американските избори, Флин го уверувал рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кислјак дека новоизбраниот претседател Трамп ќе биде многу помек. Според Вашингтон пост и Њујорк тајмс, кои минатата недела го објавија откритието, таквите преговори се потенцијално незаконски и би можеле да го направат Флин подложен на руски уцени, пишува Волстрит џурнал.

Трамп на 26 јануари дозна дека Флин не го информирал Пенс за разговорите со Кислјак. Белата куќа подоцна побара оставка од Флин, не поради содржината на телефонските разговори, туку поради тоа што го лажел Пенс.

Според Њујорк тајмс, членови на транзицискиот тим на Трамп имале контакти со руски разузнавачи. ФБИ дознало за тие контакти во периодот кога станало јасно дека Русија ги хакирала мејловите на Демократската партија.

Демократите бараат детална истрага за целиот случај, како што и се очекува од опозицијата, но и републиканците почнаа да поставуваат прашања. Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел тврди дека сенатскиот одбор за разузнавачки прашања ќе ги истражи телефонските повици на Флин, а републиканскиот сенатор Линдзи Греам кажа дека Конгресот треба да утврди дали Флин дејствувал самостојно или тоа не било само негова иницијатива. Со прашањето кој му кажал на Флин да ја контактира Русија во последните денови наголемо се занимаваат и американските медиуми.

Агенцијата ДПА прашува дали може оваа афера да се споредува со аферата „Вотергејт“, најголемиот американски политички скандал во историјата, кој во 1974 година доведе до оставка на тогашниот претседател Ричард Никсон откако членови на неговата администрација презеле низа тајни и повремено нелегални активности како прислушување на политичките ривали и провалување во нивните канцеалрии.

Дали аферата Флин ќе прерасне во нешто поголемо треба допрва да се види, но многубројни политички аналитичари веќе ги споредуваат Трамп и Никсон, тврдејќи дека двајцата имаат слични карактерни недостатоци.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе