Американците поделени околу ослободувачката пресуда на Трамп: 43 отсто за, 41 против

Американците се речиси рамномерно поделени, главно по партиска линија, околу ослободувачката пресуда на американскиот Сенат за претседателот Доналд Трамп, со нешто повеќе анкетирани кои мислат дека Трамп веројатно направил нешто погрешно, ја пренесува Ројтерс анкетата на Ипсос.

Националното истражување на јавното мислење покажа дека 43 отсто од Американците ја поддржуваат одлуката на Сенатот под контрола на републиканците Трамп да не биде отповикан, 41 отсто се против ослободителната пресуда, а 17 отсто се неодлучни.

Трамп беше обвинет дека ѝ ја прекинал воената помош на Украина поради притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да отвори истрага за демократскиот лидер Џо Бајден и неговиот син Хантер, како и дека потоа направил сѐ за на Конгресот да му ја отежне истрагата.

Но, на прашањето за ослободителната пресуда, 48 отсто од анкетираните одговориле дека Трамп е „веријатно виновен за обвинувањата против него, а Сенатот го штити“, додека 39 отсто сметаат дека „претседателот е веројатно невин, а Сенатот правилно одлучи да го ослободи“.

Резултатите сугерираат дека дел од анкетираните сметаат дека дури и ако Трамп направил нешто погрешно, тоа не било доволно за негово отстранување од позицијата претседател на државата.

Анкетата направена на 1.006 возрасни Американци е спроведена откако Сенатот гласаше 52-48 за ослободување на Трамп од обвинувањата за злоупотреба на позицијата и 53-47 за ослободување од обвиненијата за попречување на истрагата на Конгресот.

Сенаторот Мит Ромни е еднинствениот републиканец кој гласаше за отповикување на Трамп поради обвиненијата за злоупотреба на позицијата, а ниеден демократ не гласаше за ослободување од кое било обвинување.

Како и претходните анкети, и ова истражување ги покажа длабоките спротивности меѓу демократите и републиканците – демократите во голема мера се залагаа за отстранување на Трамп од должноста, додека републиканците ја поддржаа ослободителната пресуда.

Иако демократите не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство во Сенатот потребно за осуда, повеќето нивни поддржувачи го поддржаа обидот да се дојде до отповикување на Трамп – 77 отсто од демократите се сложија дека тоа е исправно и покрај ослободителната пресуда, а 67 отсто го поддржуваат обидот за отповикување дури и ако тоа ги ослаби шансите на демократите за победа на претседателските избори на крајот на годината.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе