Американците масовно се вооружуваат, долги редици пред продавниците (ВИДЕО)

Продажбата на оружје и муниција забрзано расте низ САД. Поради стравот од можни социјални немири поради пандемијата на коронавирусот, Американците се свртеа кон огненото оружје како форма на самозаштита.

На Западниот брег пред продавниците може да се видат долги редици луѓе.

„Политичарите и противниците на оружјето ни зборуваат веќе долго дека не ни треба оружје. Во моментов, многу луѓе вистински се плашат и тие самите можат да донесат одлука“, вели еден купувач за ЛА тајмс.

Лери Хајат, сопственик на една од најголемите продавници за оружје во Северна Каролина, Хајат ганс, кажа за Гардијан дека сцените на масовно купување во неговата продавница се практично без преседан.

Хајат вели дека видот на оружје кој се купува го одразува стравот кој преовладува меѓу купувачите. Пушки за лов речиси никој не купува. Наместо тоа, луѓето се одлучуваат за пиштоли, а голема е и побарувачката за полуавтоматски пушки во стилот на АР-15.

Големиот онлајн продавач на муниција Емо објави податоци од продажбата која за само 11 дена пораснала за 68 отсто. Зголемувањето на продажбата е особено изразено во Северна Каролина и Џорџија каде е забележан скок од 179 отсто, односно 169 отсто.

Со општиот страв од коронавирусот, во државите Вашингтон и Калифорнија, државите каде прва беше забележана епидемијата на коронавирусот во САД, почна нагло купување на оружје. Оружјето пред сѐ го купуваат Американците кои стравуваат дека може да се соочат со ксенофобно и растистичко насилство над своите семејства, имајќи предвид дека изворот на коронавирусот е Кина.

Поради зголемената продажба на смртоносно оружје, се појави и загриженост за безбедноста на децата. Наглиот пораст на пушките и другото огнено оружје во домаќинствата може да ги доведе во опасност децата поради недостигот од безбедни места за чување на оружјето.

Во САД, по автомобилските несреќи, огненото оружје е вториот најголем предизвикувач на смрт кај децата.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе