Анкета

Американците ја губат довербата во она што Трамп го кажува за коронавирусот

Американците ја губат довербата во она што претседателот на САД Доналд Трамп го кажува за пандемијата на коронавирусот, покажуваат резултатите од анкетата која ја спровеле Ројтерс и Ипсос.

Речиси сите анкетирани не го прифаќаат предлогот на Трамп дека коронавирусот може да се лекува со вбризгување избелувач или други дезинфициенси.

Анкетата спроведена на 27 и 28 април вели дека помалку од половина од возрасните Американци (47 отсто) во целост или главно ги поддржуваат Трамповите совети кои ги изнесува во борбата против вирусот. Тоа се 15 процентни поени помалку од оние кои изразиле прифаќање на советите на Трамп во анкетата спроведена на крајот на март.

Дури 80 отсто од Американците велат дека нема да си вбризгуваат избелувач или некакво друго средство за дезинфекција ако заболат од ковид-19, вклучувајќи 98 отсто демократи и 98 отсто републиканци. Тоа е речиси едногласно отфрлање на идејата на Трамп за борба против коронавирусот која ја изнесе пред неколку дена.

Повеќето Американци се загрижени поради начинот на кој вирусот се шири низ општеството, покажуваат анкетите, откако бројот на заразени во САД надмина милион луѓе оваа недела, а уби речиси 60.000.

Трамп својата идеја за вбризгување средство за дезинфекција ѝ ја претстави на јавноста минатата недела на редовен брифинг за коронавирусот во Белата куќа. Шокираше голем број доктори, а потоа се бранеше дека бил саркастичен. Набрзо потоа беа откажани дневните брифинзи на Белата куќа за состојбата во државата погодена од епидемија на коронавирусот.

Генерално гледајќи, популарноста на Трамп не се смени многу изминатата недела. нешто помалку од половина Американци 943 отсто) сѐ уште ја поддржуваат неговата работа, а исто толку луѓе го поддржуваат неговото справување со пандемијата на ковид-19.

Меѓу регистрираните гласачи, 44 отсто велат дека би гласале за демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, додека 40 отсто би го поддржале Трамп ако изборите се одржат денес.

Анкетата на Ројтерс била спроведена онлајн, на англиски јазик низ САД. Во неа учествувале 1.001 возрасно лице, вклучувајќи 416 демократи и 419 републиканци.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе