„Русијагејт“ против „Украинагејт“

Америка влегува во „епоха на нова искреност“ во битката за изборите

Неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја тргне ознаката за доверливост од сите документи поврзани со наводното мешање на Русија во претседателските избори од 2016 година крена голема прашина.

EPA-EFE

Во Русија тоа го гледаат како дел од американската предизборна кампања и намера на Трамп да изврши контранапад пред изборите и дел од политичката елита во САД, која е против него, да ја стави во незгодна позиција. Следниот удар на демократите, кои ја форсираат приказната за „Русијагејт“, би можел да им го зададе со детали од аферата „Украинагејт“.

Рускиот политиколог Владимир Шаповалов оценува дека сме влезени во нова епоха, која се нарекува „епоха на нова искреност“, а дел од таа „нова искреност“ се сите видови декласификација и протекување информации за кои претходно се сметало дека е невозможно да се објават – телефонските разговори меѓу лидерите на државите, тајни разузнавачки податоци и слично. Трамп, според неговите зборови, дејствува во таа парадигма.

Меѓутоа, Шаповалов очекува по ова да следи и нов бран разоткривања поврзани со политичкиот скандал кој во Америка е познат како „Украинагејт“, а се однесува на минатогодишниот телефонски разговор на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше поводот за почнување на постапката за отповикување на американскиот претседател.

Трамповите политички противници тогаш го обвинија дека се обидел да го убеди Зеленски да отвори истрага за активностите на Хантер Бајден, синот на Џо Бајден, во замена за пружање воена и финансиска помош на Киев.

„Сакам да истакнам дека Америка влегува во последната фаза на предизборната кампања. И Трамп, кој по болеста се крена како феникс од пепелот, го извлекува своето последно оружје и почнува нова кампања против Бајден. Мислам дека потоа ќе има уште една тура од „Украинагејт“. Трамп очекува на овој начин да ја сврти ситуацијата во своја корист. И мислам дека Трамп има шанси да го придобие делот од гласачкото тело кој се двоуми“, смета Шаповалов.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе