Гардијан

Алексис Ципрас може да свика предвремени избори ако Сириза биде поразена на денешниве

Грчкиот премиер ги прогласи гласовите за Европскиот парламент за гласови за доверба кон неговата влада.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, прв ќе каже дека ужива во борба. И, да бидеме искрени, тој во петокот го зголеми влогот кога ги прогласи гласовите за Европскиот парламент за гласање за доверба во неговата влада.

Во коментарите што ја разбрануваа политичка арена, која веќе е во состојба на треска, левичарскиот лидер навести дека може да се случат предвремени избори ако, според истражувањата, неговата партија Сириза биде поразена во гласачките кутии.

„В недела луѓето можеби нема да гласаат за влада, но тие ќе гласаат за политиките што ќе ја уредуваат земјата во наредните години“, рече тој, мислејќи на намалувањата на даноците и пензиските бенефиции објавени во пресрет на трката. „Ако се отфрлат овие мерки, сите карти се отворени“.

Овој проглас беше протолкуван како очајна понуда за консолидација на незадоволните гласачи, кои истиот ден гласаат и на општински и регионални избори.

Секогаш тактичар, Ципрас склопи пакет мерки за помош, кои треба да се спроведат оваа година и следната, централен дел од неговата потрага по враќање на изгубената поддршка, додека нацијата постепено излегува од речиси еднодецениската економска рецесија.

Лидерот, кој во јули полни 45 години, првпат ја презеде функцијата во јануари 2015 година.

Бидејќи парламентарните избори треба да се одржат до октомври, денешниот исход се смета за клучен барометар за целокупното расположение.

Ниту едни избори во ЕУ не се како овие, вели Гардијан. Во духот на повеќето Европејци, Грците постојано ја гледаат трката за места во европскиот 751-член парламент како можност да го искажат својот гнев од непопуларните владини политики. Но бидејќи електоратот излегува на гласање првпат во речиси четири години, ова гласање доби досега невиден признак.

Киријакос Мицотакис, централнодесничарскиот лидер на Неа демократиа, изборите ги нарече референдум за четиригодишниот мандат на неговиот ривал. Сите анкети му дадоа предност на овој 51-годишник, кој во атмосфера на растечка поделеност повика на консензус, ветувајќи „дека ќе ги обедини сите Грци и ќе предводи голема политичка промена“.

Откако го презеде кормилото на партијата, овој реформист обучен на Харвард се обиде да ја ребрендира старомодната конзервативна партија во умерена сила способна да привлече центристи.

Многу свесен за битката што следи, Ципрас сега шпарта по цела Грција, палејќи го народот со турбонабиена реторика, карајќи ја „старата елита“ што ја доведе оваа задолжена земја на работ на финансиски колапс и ветувајќи дека ќе донесе подобри денови.

Минатата недела, како што се интензивираше кампањата, тој прими повеќе од 50 училишни чистачи во официјалната премиерска резиденција, Мегарон Максиму, каде што најави дека ќе добијат 10% зголемување на платите и истите дарежливи бенефиции што им се дадени на опасните работни места.

„Ниту еден друг премиер никогаш не нѐ поканил, ниту ги слушал нашите барања“, рече за Гардијан Фани Цума, која присуствувала на состанокот како шеф на здружението Чисти ракавици. „Сфаќаме дека е во прашање политика, ама тој прифати и дека нашата работа е тешка, опасна работа и дека треба да се стави на листата на опасни професии“.

Обраќајќи им се на илјадници луѓе на Крит пред финалето на кампањата во Атина во петокот вечерта, Ципрас ги наброја постигнувањата на својата влада и покрај ограниченоста дека сè до минатото лето тоа било кризна програма.

„Нашите противници не ги разбираат потребите или желбите на луѓето. Тие не разбираат што можат 200 евра да му значат на еден пензионер, бидејќи тоа е сумата што тие ја оставаат како бакшиш во луксузните ресторани.“

Големи сектори од грчкото општество осиромашија за време на долготрајната борба на нацијата со банкротот. Долгата криза, нагласена со загубата од 26 отсто од БДП, следуваше по строгите предуслови што Атина беше задолжена да ги исполни во замена за итни финансиски средства од ЕУ и ММФ.

Некогаш ситната партија на Ципрас беше катапултирана на власт на крилјата на бесот поради штедењето, а Европа со ужас гледаше додека политичарот ветуваше дека ќе ги раскине договорите за финансиска помош, сè додека и тој, исто така, не наведна глава пред заканата дека земјата ќе биде исфрлена од еврозоната.

Кога неговата сопствена популарност опадна, политичарот се мачеше да си го врати левичарскиот углед, неочекувано најавувајќи ги дарежливите мерки за олеснување како противтежа на неколкугодишните кастрења, апелирајќи до гласачите што гласаат првпат и смело упатувајќи се таму каде што други политичари се плашеа да отидат.

Во поголемите градови, мигрантите и припадниците на ромските и ЛГБТ-заедниците масовно се појавија на митинзите на Сириза.

И покрај малите шанси, се чини дека Ципрас го затвори јазот, и покрај критиките од доверителите, кои се плашат дека олеснувачките мерки би можеле да го закочат долгогодишниот фискален напредок, и покрај протестите против неговиот популистички опортунизам и обвиненијата дека води шампањско-социјалистички животен стил, откако локалните медиуми објавија фотографии од него како денгуби на јахта.

Анкетата спроведена од Капа рисрч во четвртокот покажа дека Сириза и Прогресивниот сојуз на централнолевичарските партии повторно стекнале доволно изгубени места за да ја следат Неа демократиа за 3,4 проценти. Со 11,1 отсто од гласачите сè уште неопределени, денешните анкети ги покажаа сите знаци дека трката е многу потесна отколку што се очекуваше.

Во текот на својата кариера Ципрас ја разви способноста да изненадува, од покорувањето пред доверителите и менувањето на курсот поради барањата за финансиска помош, до постигнувањето нов договор со кој Северна Македонија годинава го прифати своето ново име.

Во една трка во која Европа едвај се споменува, една од неговите омилени мантри беше: „Не влегувате во битка со мислата дека ќе загубите“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе