Ал џезира: Можат ли Грција и Турција да избегнат оружен судир? (ВИДЕО)

Атина и Анкара се на раб на оружен судир, откако Турција со Либија го потпиша договорот за разграничување, оценува катарската агенција Ал џезира.

Договорот се доведува во врска со ексклузивната економска зона која опфаќа и грчки територијални води.

Документот кој беше потпишан на 27 ноември предвидува коридор кој се простира вдолж источниот Медитеран меѓу бреговите на Турција и Либија и сече дел од морето кое Грција го смета за свои територијални води.

Министерот за енергетика на Турција Фатих Донмех најави дека штом договорот ќе го ратификуваат двете страни, турските бродови ќе почнат со подводно дупчење во таа област во потрага по природен гас и нафта.

Иако грчката воена морнарица не се огласи официјално, двајца експерти изјавија за Ал џезира дека Атина испратила поморски сили во спорниот регион југоисточно од Крит.

Грција реши да го протера либискиот амбасадор поради договорот на Либија и Турција за повлекување поморска граница меѓу двете земји во близина на грчкиот остров.

Професорот по меѓународно право и пратеник на владејачката Нова демократија во грчкиот парламент Ангелос Сириос смета дека Турција нема да може да почне со дупчење.

„На Анкара ѝ е порачано дека нема да се толерираат како било истражувања во областа која Грција ја смета за своја ексклузивна економска зона“, истакна Сириос.

Шефот на персоналот на грчката морнарица Никос Цунис порача дека поморските сили нема да чекаат ничија помош: „Сѐ што ќе направиме, ќе направиме сами“.

Ни средбата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на НАТО во Лондон не донесе до конкретно решение.

Извор на Ал џезира наведува дека Мицотакис и Ердоган се согласиле да продолжат со мерки кои би изградиле доверба, да се води сметка околу создавањето запаллива клима и дијалогот да остане отворен.

Грција и Турција во минатото спроведоа низа мерки за градење доверба од 1987 година кога за малку ќе избиеше војна поради истражувањата за нафта и гас во Егејското Море.

Договорено е двете страни да избегнуваат воени вежби за време на летната туристичка сезона, планирано е воспоставување директна врска меѓу началниците на генералштабот и министрите за одбрана, како и повикување на офицери од спротивната страна на вежби.

Меѓутоа, не се сите мерки применети. Во периодот од 2017 и 2018 година директната телефонска линија на воените шефови на Грција и Турција беше во дефект.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе