Тим Џуда, коментатор на Економист

Ако Путин победи во Украина, следни се балтичките земји

Тим Џуда е новинар, публицист и коментатор на британскиот весник Економист, и покрај тоа што е добар познавач на европскиот југоисток, годинава минал поприлично време во Украина. Иако Балканот е неговата примарна област на интерес, тој планира повторно да замине за Украина.

 

На кој начин уривањето на малезискиот авион би можело да влијае врз понатамошните настани во Украина?

- Не верувам дека ќе дојде до некои драматични промени во брзо време. Не мислам дека нештата драматично ќе се менуваат од ден во ден, или од недела во недела. Но верувам дека во иднина, кога ќе размислуваме за овој настан и овој период, ќе сфатиме дека и она што се случувало со уривањето на авионот било дел од процесот.

Од моето искуство, дури и тука, на Балканот, се покажа дека драматичните настани не ги менуваат нештата преку ноќ. Поради тоа толку време траеја војните во Хрватска и Босна и Херцеговина... И тука, верувам, ќе се докаже истото.

Постојат ли сличности со војната во поранешна Југославија?

- Да, но тие се многу површни. Постојат до таа мера што и тука имаме земја која тврди дека нема никаква врска со судирите, како што тврдеше Србија. Русија ја игра истата игра. Слична е ситуацијата и околу ширењето на пропагандата и улогата на медиумите.

Исто како што српските медиуми ги плашеа луѓето со 1941 и враќањето на усташите, истото се случува и во руските медиуми кои пишуваат за украинските фашисти.

Она што најмногу депримира е фактот што во 2014 година дури е и полесно да се залажат луѓето, со сета технолошка предност и различните извори што ги имаме денес, отколку пред 20 години. А сличности има и во тоа што се појавуваат некои необични луѓе, од двете страни, кои сега се облекуваат во различни униформи, а кои, претпоставувам, со годините од униформите ќе преминат во сферата на организираниот криминал. Такво нешто во одреден период се случуваше и во поранешна Југославија.

Што мислите за ултиматумите и санкциите на Европската Унија и САД? Менуваат ли тие нешто?

- Некои нешта се менуваат. Ќе го земам за пример Славјанск. Минав таму еден месец. Славјанск беше долго време под контрола на проруските сили. Одеднаш беше опколен и повторно го преземаа Украинците. Бев многу изненаден. Русија дозволи да падне. Зошто? Можеби поради санкциите, можеби поради притисокот...

Можеби сето тоа има одреден ефект. Од Славјанск бараа руска помош, но не ја добија. А голем дел од тие обични луѓе, кои земаа оружје во рацете, па дури и паравоените групи, беа сигурни дека Русите ќе им помогнат. Дел од нив никогаш немаше да се фатат за оружје доколку знаеја дека Русија нема да им помогне.

Зошто Русија не интервенираше?

- Имам теорија, која, нормално, не можам да ја докажам, но да се вратиме неколку месеци наназад, во времето на падот на Јанукович. Путин тогаш ги изненади сите и го зема Крим. Никој не веруваше што се случува и не знаеја што прават. Тогаш завладеа еуфорија. Со оглед на тоа колку лесно мина тоа, почна да се размислува за нешто слично и на истокот на Украина. Но, тоа не е Крим. Да беше толку лесно, ќе тргнеа кон југот, создавајќи некоја нова Русија. Тоа не се случи. Источна Украина е многу поинаква и поради лошата процена направија голем, крвав хаос.

На неистренирани паравоени формации им дадоа оружје и ништо друго не можеше да се очекува. Тие не знаат што прават и како да ракуваат со тоа оружје. Дури и професионални војски низ историјата рушеле цивилни авиони, па нема неистренирани луѓе со софистицирано оружје. Тука ризикот е уште поголем.

Може ли Путин баш поради оваа несреќа сега да се извлече? Може ли едноставно да се дистанцира од бунтовниците и да дозволи Украина да си ја врати територијата?

- Тоа повеќе н може да го направи. Тој и во Русија создаде национална еуфорија. Тврди дека ги брани руските браќа од фашистичките орди и не може лесно да се извлече од тоа. Ако ги напушти, ќе има илјадници луѓе кои ќе поитаат кон Русија за да избегаат од фашистите кои сакаат да им ги изедат децата, а во Русија ќе го прашуваат од каде сега повлекувањето пред јасната закана. Тој падна во сопствената замка. Она што не го знаеме е што ќе прави понатаму. Никој не можеше да предвиди дека ќе го земе Крим и со тоа ќе поништи сѐ што Европа го градеше од 1945 година навака. Тој од ова не може да се извлече елегантно.

Има ли Путин опозиција во Русија?

- Колку што знам јас, нема.

Како во сето ова се снаоѓаат американската администрација и Барак Обама? Колку им е навистина важно тоа што се случува во Украина?

- Украина е голема и важна земја, но не толку за САД. Ако Русија успее во Украина, тогаш тоа што го направија со Крим ќе го направат и со истокот на земјата и ќе тргнат понатаму, без никој да ги сопре, и целата ситуација ќе станува посериозна.

Колку повеќе јадете, апетитот ви е поголем, а следни на ред ќе бидат балтичките земји, кои се членки на НАТО, и тогаш веќе нештата драматично се менуваат. САД се свесни за тоа.

Извор: Јутарњи лист

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе