24 години од „Олуја“: Српска тага, хрватска прослава

Дваесет и четири години по „Олуја“, најголемиот егзодус на Србите по Втората светска војна, Хрватска ја одбележува со низа манифестации како Ден на победата и татковинската благодарност.

Во Србија тој ден се одбележува како ден на тага поради 250.000 прогонети и над 1.800 убиени и исчезнати.

Овој егзодус на Србите, според толкувањата на српските аналитичари, е еден од многуте кои ги извршиле припадниците на хрватската војска над невините Срби, а кој остана неказнет од страна на меѓународната заедница.

Тоа, како што подоцна се покажа, придонесе на величењето на усташтвото во Хрватска и создавање повоена клима за развојот на фашистичката идеологија, пишува Б92.

Одбележувањето на Денот на победата и татковинската благодарност почна со положување венци на претставниците на хрватската влада, ветераните и градската власт на Загреб на градските гробишта Мирогој.

Венци беа положени кај Централниот крст во Алејата на загинатите хрватски бранители од Татковинската војна, на горбот на првиот претседател на Хрватска Фрањо Туѓман и на заедничката гробница на неидентификуваните жртви на војната.

Претставникот на претседателот на владата, министерот за хрватските бранители Томо Медвед во таа прилика кажа дека хрватскиот народ е горд на својата историја.

Советникот на претседателката на Хрватска, Владимир Лончаревиќ кажа дека денот на Олуја е посебен бидејќи во него, како што кажа, „е собрана сета вековна борба за хрватската независност“.

„Меѓутоа, сеќавајќи се на овој ден мора да се свртиме кон иднината за да бидеме уште погорди на својата земја отколку што бевме во деновите на Татковинската војна“, кажа Лончаревиќ.

Во Сињ денес ќе биде одржана и традиционалната Сињска алка, манифестација која и оваа година ќе се претвори во првостепен политички настан.

Потврдено е доаѓањето на целиот државен врв на Хрватска, претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ, голем број министри, амбасадори, црковни и воени претставници.

Според хрватските медиуми, денес за првпат на исто месето ќе се сретнат трите главни претседателски кандидати: актуелната претседателка Грабар Китаровиќ и нејзиниот, според многумина, најголем противник музичарот Мирослав Шкоро, како и поранешниот премиер и лидер на највлијателната опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.

По настанот концерт ќе одржи претседателскиот кандидат Мирослав Шкоро, а во Сплит Марко Пековиќ Томпсон, пејач озлогласен по величењето на усташството на своите концерти, поради што неговите настапи се забранети во голем број места во поранешна Југославија и низ Европа.

Вечерњи лист пишува дека се шпекулирало дека на концертот на Томпсон ќе присуствува и претседателката Грабар Китаровиќ, која е инаку негова голема обожавателка и, според нејзините зборови, често ги пее неговите песни.

Сепак, како што пишува хрватскиот весник, тоа нема да се случи бидејќи во тоа време ќе биде одржан приемот во Книн, каде утре ќе биде одржана централната свеченост по повод Денот на победата и татковинската благодарност.

Како што претходно најави, Колинда Грабар Китаровиќ утре во Книн би требало официјално да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе