Вардарци кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими европските шампиони, ракометарите на РК „Вардар” кои вторпат ја освоија титулата европски првак и, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил задоволство од исклучително големиот успех на ракометарите кој, како што рекол, не направи сите горди, како поединци и како држава.

 

„Би сакал сите вас да ве пофалам за вашето однесување, секој од вас имаше исклучителен настап и на спортскиот терен, и надвор од него, со што ја покажавте вашата голема човечност. Најголемиот дел од вас, не се родени овде, но на многумина коишто се родени овде, им одржавте лекции по патриотизам. Покажавте дека сте врвни спортисти и врвни луѓе, ова второто за мене отсекогаш било поважно од она првото. Ви благодарам за тоа”, рече Пендаровски.

Тој им честитал на ракометарите и за тоа што не потклекнале на одредени обиди за политизација и комерцијализација на нивниот успех, напротив, како што рече, од почетокот, до крајот на спортскиот поход, покажаа дека не се ничија сопственост, туку дека се дел од клубот, од градот, од државата и од нацијата.

„Оваа држава никогаш нема да заборави што направивте за неа, и кога ќе играте за други држави, за други клубови, оваа држава секогаш ќе биде ваш дом. Овде никогаш нема да бидете третирани како странци, со се што направивте покажавте дека не сте странци, туку наши и дека сите сме едно. Сите во Европа сега говорат не само за клубот, туку и за државата”, рече Пендаровски.

Голема благодарност за убавите зборови и искажаните пофалби изрази сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко.

„Клубот не го чувствувам како мој, ова е народен клуб”, рече Самсоненко, ветувајќи дека клубот и во иднина упорно ќе се стреми кон поголеми успеси.

Ракометарите во Кабинетот на Пендаровски во „Вила Водно” го донесоа европскиот пехар, а нему, како спомен, му дадоа дрес од клубот со број 1 и топка со нивни потписи. Потписот на претседателот Пендаровски, пак, е на топката која тој им ја подари, посакувајќи им натамошен успех на професионален и на личен план.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе