Тотнем верува дека може да го купи Бејл во последниот ден од преодниот рок, Зидан не мисли така

Тотнем се надева дека ќе успее да го договори трансферот на Герет Бејл во наредните неколку часа, но Зидан не мисли дека тоа може да се случи. 

„Тајмс“ пишува дека Тотнем работи на тоа да договори трансфер на Герет Бејл во последните моменти од преодниот рок.
 
Велшанецот веќе не е клучна фигура на Реал Мадрид, а и самиот клуб сакаше да се ослободи од него во летниот преоден рок.
 
Жозе Мурињо е близок со Флорентино Перез па и тоа може да биде адут на Тотнем во преговорите.
 
Англискиот весник пишува дека во англискиот клуб владее верба дека ќе можат денеска да потпишат со Герет Бејл.
 
Од друга страна пак, на денешната прес конференција, Зинедин Зидан рече дека Бејл е со нив и тој смета на него.
 
„Бејл е со нас и ќе сметам на него. Не размислувам на тоа дека тој би можел да си замине денеска“, вели Зидан.
 
Во наредните неколку часа ќе дознаеме дали Бејл ќе се врати во Тотнем или ќе остане во Реал Мадрид.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе