На натпревар во Будимпешта

Зафиров го оствари сонот, по 23 години кариера освои златен медал (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров на натреварот „Будимпешта Про" конечно ја оствари својата желба. По 23 години кариера на натпреварот во Унгарија го постигна најдобриот резултат, да освои прво место и да се закити со златен медал. Настапи под бројот 13 кој му донесе среќа. Злато освои и неговата сопруга Габриела Зафирова во категоријата "фитнес бикини модел", а освои и второ место во категорија „спорт модел".

Бодибилдерот Зафиров го освои и шампионскиот појас која за него, како што вели е остварување на еден животен сон и дополнува дека животното мото никогаш да не се откажуваш го отслика токму со овој пехар. Тој во едно интервју за МКД.мк рече дека ќе се бори да освои злато и го оствари својот сон.

На натпреварот учествуваа натпреварувачи од повеќе од 20 земји, а еден од најпознатите македонски бодибилдери Зафиров имаше автентичен настап со песната „Ој Вардаре Македонски".

Победата и освоеното прво место Зафиров им го посвети на најблиските од семејството, но и на ракометарите на ракометниот клуб „Вардар".

 

„По 23 години кариера, вложувајќи труд и сонувајќи за прво место конечно го освоив својот сон. Освоив златен медал и победив на едно големо натпреварување. Особено сум горд бидејќи успеав да го победам и човекот кој пред една недела беше победник на Арнолд класик. Горд сум и на успехот на мојата сопруга Габриела која рамо до рамо со мене вложува труд и реди успеси", вели победникот Зафиров.

Брачната двојка Зафирови не застанува, тие веднаш продолжуваат со подготовки и во среда патуваат за Словенија каде се одржува „Словенија оупен" натпреварот кое е квалификација за светското првенство кое ќе се одржи на 29 јуни. По ова следно е натпреварувањето во Италија.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе