Со еден „удар“два милиона во Спорт лајф

Играч на „Спорт лајф” во Петровец – Скопје стана двоен милионер. Со еден тикет одигран два пати успеал и на двата тикета да се стекне со по еден милион денари.

 

Тикетот од  10 натпревари со квоти од 1,82 до 2,60 го уплатил еднаш со 750 денари за погодок на сите 10 меча, а веднаш потоа  истиот тикет го одиграл во систем - 8 од 10, за влог од 4.000 денари. И двата тикета биле со максимална добивка од милион денари и двата успеал да ги освои и да оствари двојна милионска добивка.

Еве ги и „милионските“ погодоци – типувал на мечеви од англиската премиер лига и тоа за победата на Манчестер сити против Ливерпул, за мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Евертон дека ќе паднат повеќе голови во второто полувреме, како и за победа на Челзи над Шефилд со 2-5 гола на мечот.

Понатаму, играл точно и на шпанската лига – со тип 1&2-5 гола на Севилја – Хетафе, на Уеска – Реал Мадрид двојка со 2-5 гола, на Бетис – Барселона ГГ & 3+ и на Осасуна – Еибар дека домашните нема да загубат и дека на средбата ќе има барем два гола.

Тикетот го завршил со два пара од Франција и еден од Германија. Тука погодил дека на мечот Ним – Монако двата тима ќе дадат гол, дека ќе паднат барем три гола и дека ПСЖ ќе слави во Марсеј во меч на кој ќе има 2-5 гола. За дуелот на Шалке и Лајпциг прогнозата е дека повеќе голови ќе паднат во вторите 45 минути.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе