Аргентинецот бара покачување на платата

Се комплицира размената, Дибала бара да стане вториот најплатен фудбалер во Премиерлигата?!

Размената во која треба да бидат вклучени Ромелу Лукаку и Пауло Дибала се комплицира откако Аргентинецот побарал поголема плата од Манчестер јунајтед и примања од 350.000 фунти неделно.

Изминативе неколку дена топ тема на медиумите е размената која ја подготвуваат „ѓаволите“ и „старата дама“. Ромелу Лукаку треба да се пресели во Торино, а Пауло Дибала во Манчестер.

Се верува дека Белгиецот лесно ќе се договори со Јувентус, но последните извештаи велат дека барањата на Аргентинецот ги комплицира работите.

Пауло Дибала во Јувентус има нето плата помеѓу 6,5 и 7,5 милиони евра и за да се пресели на Олд Трафорд, бара повисоки примања и плата од околу 10 милиони евра.

Дејли Мејл вели дека ова е проблем, бидејќи со ваква бројка, Аргентинецот ќе стане вториот најплатен играч во Премиерлигата и ќе се изедначи со Месут Озил, а пред него ќе биде само Алексис Санчез.

Весникот објаснува  дека нето сума од 9 милиони фунти годишно (10 милиони евра) всушност е 350.000 фунти неделно за услови на „островото“ (бруто сума со даноци).

Сан пак вели дека дополнителен проблем е и клаузулата која Манчестер јунајтед ја има ставено во договорите на играчите според која ќе им се намали платата за 25% поради тоа што не е обезбеден настап во Лигата на шампионите.

И додека сите фудбалери ќе имаат помали примања, Пауло Дибала ќе обезбеди далеку поголема плата од онаа која ја добива во Јувентус во моментов, и тоа нема да им се допадне на ѕвездите.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе