Си има свои математики

Реал доби сојузник, агентот на Нејмар преферира трансфер во Мадрид за да „лапне“ поголема провизија

Реал доби сојузник во обидите да го ангажира Нејмар, агентот Пини Захави преферира трансфер во Мадрид за тој да си „лапне" поголема провизија.

Напаѓачот сака да замине од Париз и негова желба и прв приоритет е да се врати на Камп Ноу. Но преговорите не се лесни па Реал замешува прсти и би можел да го украде Бразилецот.

Според „Ле Парисиен“, и агентот на Нејмар е поборник за преселба во Мадрид. Се работи за Пини Захави, кој е севесен дека трансфер на Сантијаго Бернабеу ќе му донесе многу поголема провизија.

Тој посредуваше и при рекордната зделка од пред две години кога Бразилецот од Барселона замина во ПСЖ.. Тогаш се говореше дека  Израелецот си обезбедил убава провизија од 35 милиони евра. Сигурно и сега ќе добие богата награда доколку се погрижи Нејмар наместо во Барселона да заврши во лутиот ривал Реал.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе