Многумина се прашуваа

Зошто Германија доби пенал по крајот на мечот со Словенија?

Новите ракометни правила зачинети со видеотехнологијата им ја одзедоа на Словенците победата над европскиот шампион. Што се случи по последниот свиреж на судиите?

По изедначувањето на Германија, од брз контранапад Словенија во последните секунди даде гол за водство од 25:24. Германците се обидоа да вратат од брз центар, но не успеаја, Словенците почнаа да слават по истекот на времето и тука почна вистинската драма.
 
Германците се побунија, судиите одлучија да ја искористат видеотехнологијата и да донесат конечен суд. По неколку минути се вратија на теренот, му дадоа црвен картон на Благотиншек и покажаа пенал за Германија, која успешно го реализираше за 25:25.
 
Благотиншек им попречил на Германците при брзиот центар, а според новите правила, ако тоа се случи во последните 30 секунди на кој било дел од теренот, противникот добива пенал, а играчот што го направил прекршокот директен црвен картон.
 
Ристе Ѓорѓиевски, 
специјално од Загреб за МКД

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе