Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува фунциката претседател на РФМ, успешниот бизнисмен на денешното собрание доби доверба за уште еден мандат, негов трет.
„Сакам да се заблагодарам за довербата, за соработката во овие осум години. Можам да ветам дека со заеднички сили ќе работиме понатаму. Сакам со дисциплина, со ред, со проактивност и со давање идеи да се обидеме да го кренеме македонскиот ракомет на едно уште повисоко ниво. Свесни сме за она што е добро, свесни сме и каде треба уште повеќе да напредуваме. Ајде сите заедно да работиме за уште посветла иднина на македонскиот ракомет“ - изјави Мукаетов по изборот.