РК Вардар

Жилберто Дуарте е нов ракометар на Вардар

Вардар се засили со португалски лев бек за следната сезона, станува збор за Жилберто Дуарте кој доаѓа од екипата на Монпелје. 

„За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција“, велат од Вардар.
 
Дуарте претходно настапувал за Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
 
Покрај во нападот, Дуарте е играч кој игра и во одбраната, па ќе биде корисен во двата правци.
 
Дуарте е трето потврдено засилување на Вардар за следната сезона, клубот претходно потпиша со средниот бек Божо Анѓелиќ и десниот бек Нејц Цехте. Тоа значи дека е обновена целата бековска линија.
 
 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе