Еурофарм Пелистер

Жељко Бабиќ веќе не е тренер на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер информираше дека ја прекинува соработката со Жељко Бабиќ и тимот по две и пол години ќе добие нов тренер. 

Еурофарм Пелистер оваа сезона беше во одлична позиција и во првенство и во финалето од Купот на Македонија, но загуби и на двата фронта. Тоа е и причина за разделба со тренерот Жељко Бабиќ.
 
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони нашиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23. 
 
Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022. 
 
Клубот му посакува многу успех во понатамошната работа и вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за професионалци како него“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.
 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе