РФМ ги објави премиите

За историски пласман македонските ракометари ќе поделат 100.000 евра

Ракометната федерација на Македонија ги определи премиите настапот на репрезентацијата на Европското првенство во Хрватска.

На завршниот состанок на управата и стручниот штаб на Ракометната Федерација на Македонија со машките репрезентативни сениори непосредно пред поаѓањето за ЕП2018 во Хрватска, Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов најави парични премии за репрезентативците за настапите на претстојниот континентален собир.
 
Имено, Мукаетов најави премија од 30.000 евра за репрезентацијата доколку се оствари пласман во втората фаза од првенството и дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60.000 евра) доколку А-тимот обезбеди пласман на некое од првите 6 места на првенството. Доколку машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полу-финалето на ова првенство (пласман во топ 4), Претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот.
 
По исполнување на (некој од) горе наведените услови, споменатите предлози за парични премии ќе бидат предложени за верификација до Управниот одбор на Федерацијата.
 
Сениорската машка репрезентација на Македонија од вчера е во Загреб каде веќе го одработи и првиот тренинг. Првиот меч нашите ракометари го играат во сабота (13 јануари 2018 година) во 19:30 часот,  против селекцијата на Словенија.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе