Унгарскиот клуб го промовираше поранешниот Вардарец

Вуко Борозан е нов ракометар на Веспрем

Веспрем го потврди ангажманот на поранешниот играч на Вардар, Вуко Борозан кој стави потпис со унгарскиот шампион.

Вуко Борозан кој предвреме ја заврши оваа сезона во Вардар и не беше дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите, кариерата ја продолжува во Веспрем.
 
„Вуко Борозан, играчот на Вардар од Црна Гора, кариерата ќе ја продолжи во Веспрем. Тој потпиша две годишен договор со можност за продолжување на уште една година“, стои во соопштението на Веспрем.
 
Покрај Борозан, од идната сезона во Веспрем ќе игра и Рожерио Мораес кој претходно стави потпис на договор со унгарскиот клуб.
 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе