Лига на шампиони

Вујовиќ: Вардар се крена, сега ни следуваат противници против кои може да победуваме

Веселин Вујовиќ очекува тежок дуел против ППД Загреб, но за разлика претходните тимови, хрватскиот клуб е еден од оние кои мора да се добијат. 

Вардар се бори за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Загреб е директен ривал за таа цел. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е оптимист дека може да се почне со победничка серија.
 
„Нѐ очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ. И со млади играчи кои навистина многу напредуваат, Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде многу тежок дуел. И двата тима доаѓаме од некои позитивни ситуации, тие одиграа многу добро во Монпелје, ние одигравме во Кил. Но ова е натпревар кој и тие, и ние мораме да го победиме, бидејќи преку овој меч и тие и ние ја гледаат шансата за пласман во следната рунда. Мислам дека Вардар се крена, Вардар игра добро и дека дојдовме да играме со противниците кои реално се наш квалитет како Загреб, Мешков, Елверум и дека во продолжението од сезоната ќе извлечеме добар резултат и ќе го ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда“, изјави Веселин Вујовиќ.
 
Мечот меѓу ППД Загреб и Вардар се игра во среда со почеток од 20:45.
 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе