Лига на шампиони

Вујовиќ: Вардар ни одржа лекција, ни покажа како се игра кога ви е тешко

Поради проблемите на Вардар, Мотор можеби се надеваше на позитивен резултат во Скопје, но тоа не само што не се случи туку ракометарите од Запорожје беа буквално прегазени. 

Мотор си заминува со пораз од десет голови разлика, Вардарци и покрај сите проблеми со кои се соочуваат одиграа брилијантна партија и покажаа зошто се европски шампиони.
 
Црногорскиот ракометар во составот на Мотор, Стеван Вујовиќ е импресиониран од играта на Вардар.
 
„Честитки за Вардар. На сите ни покажа како се игра кога ви е тешко, за нас ова е лекција. Тие беа мотивирани од првата до последната минута. Едноставно не можевме да им се спротивставиме. Честитки уште еднаш, тие продолжуваат понатаму, мислам дека можат да стигнат и во финале, ние тука завршуваме“, изјави Вујовиќ.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе