ЛШ Фајнл-фор Келн

Вујовиќ: Вардар ќе ја одбрани титулата во ЛШ, но за две години следува црно сценарио

Ракометната легенда и поранешен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ прогнозира дека Вардар ќе ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, но за две години Самсоненко ќе се откаже и од машкиот клуб.

Утре Вардар ја почнува одбраната на титулата во Лигата на шампионите, легендарниот Вујо за „спортспорт.ба“ има свое видување за неговиот поранешен тим.
 
„Мислам дека по се она што Вардар го покажува можат да бидат еден од ретките тимови кои успеале да ја одбранат титулата шампион на Европа. Тоа многу тежок подвиг. Натпреварувањето е напорно, има многу тешки натпревари, долго трае... Вардар по мое мислење има малку олеснета ситуација против Монпелје кој пред неколку дена изгуби од Сент Рафаел во француската лига. Имаа шанси да станат шампиони и да му ја земат титулата на ПСЖ, но кикснаа и веројатно ја изгубија титулата, до крајот им остана уште едно коло. Мислам дека поради тоа психолошката предност сега е на страната на Вардар“, вели Веселин Вујовиќ.
 
„Што се однесува до другиот меч, иако Нант го победуваше ПСЖ оваа сезона, мислам дека на ова ниво немаат големи шанси. Мојата прогноза е Вардар - ПСЖ во финале, а иако сум лош прогнозер сметам дека Вардар ќе ја одбрани титулата. Би им дал предност бидејќи и минатата година победија иако беа аутсајдери“.
 
„Не сум сигурен дека е посебна мотивација за Вардар тоа што голем дел од играчите заминуваат по крајот на сезоната. Мислам дека поголема предност ќе беше да знаеја дека остануваат и следната година и дека веруваат во проектот на клубот. Вака мислам дека мотивацијата и емоциите нема да бидат на највисоко ниво. Мене ми е интересно дека Раул Гонзалез и Давид Дејвис си отидоа кога добија поголеми финансиски понуди. Мене тоа не ми се допаѓа никако, но таков е пазарот“.
 
Вујовиќ смета дека Самсоненко ќе крене раце и од машкиот тим на Вардар по завршувањето на идната сезона. Запрашан што мисли за ракометот во регионот тој одговори:
 
„Мое личнно мислење е дека Вардар ќе биде доминантен уште една сезона, а потоа Сергеј Самсоненко ќе направи нешто што направи и со женската еипа. Кога тоа ќе се случи мислам дека долго ќе чекаме некоја наша екипа да ја видиме на фајнл-фор. Екипите како Загреб и Целје се добри, но мислам дека не можат многу да парираат и се далеку од најсериозните европски клубови и по организација и по се“.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе