Вујо распука по судиите

Вујовиќ: Судиите ме тераат да го напуштам ракометот и да станам рудар!

Веселин Вујовиќ ѝ ја честита победата на Македонија, но го искритикува судењето, за кое вели дека било на штета и на двете селекции.

Словенија не го почна првенството како што очекуваше, падна пред македонските ракометари, а нивниот селектор Веселин Вујовиќ бесот го истури врз судиите.
 
„Честитки за Македонија, знам колку им значи оваа победа, знам колку македонскиот народ ѝ се радува на оваа победа. Тоа што сакам да го кажам е дека и по 45 години не ги научив правилата. На 80% од денешните настани не знаев што се суди. Имаше одлуки и на штета на Македонија и на штета на Словенија. Ако господата од ЕХФ и тие што ги анализираат натпреварите ова судење го сметаат за добро, јас ќе размислам да се занимавам со нешто друго. Размислувам да станам рудар, тоа ќе биде полесно отколку тренер“, изјави Веселин Вујовиќ по мечот.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе