Малку фалело Вујо да се врати во Вардар

Вујовиќ: Самсоненко вложи пари во Вардар, па го пушти низ вода

Веселин Вујовиќ вели дека Вардар може да заврши како Кометал, наеднаш да исчезне иако е актуелен Европски шампион. 

Добар дел од интервјуто за „Балкан-хендбал“, легендарниот тренер Веселин Вујовиќ го посвети и на неговата голема љубов, Вардар.
 
„Еден од моите поубави периоди во живтот беше тоа ривалство меѓу Вардар и Металург иако тогаш не мислев така. Тоа ривалство меѓу мене и Лино Червар, таа тензија, тогаш сето тоа се сметаше за лудило, а сега сите кукаат за тие времиња“, вели Вујо.
 
Вујовиќ открива дека бил договорен да се врати во Вардар пред да пристигне Писонеро. Клубот требало да го превземе Михајло Михајловски, но Самсоненко се предомислил и останал.
 
„Пред да дојде Писонеро во Вардар, јас бев договорен со Михајло Михајловски да се вратам во Скопје. Но одеднаш се врати Самсоненко во финалето, виде дека може да има медал и да крене раце“.
 
Тој смета дека Вардар може да го снајде црното сценарио на Кометал, клубот одеднаш да згасне.
 
„Вардар стана европски тим, освои две титули во ЛШ, малку клубови можат да се пофалат со тоа, но сега сме во ситуација кога може да го снема како Кометал. Тоа е трагедија за македонскиот ракомет. Во исто време им се случи и добро и зло. Им се случи Самсоненко кој вложи пари, покажа некои европски трендови, а потоа ги пушти низ вода. Добро е што направи сала, хотел, тоа не може да си го земе со себе, а лошо е што покажа колку високо може да лета ракометот и колку ниско може да падне. Освојуваш титула, а потоа се распаѓаш, си одат играчите, но во тие услови уште гризаат, се борат, сепак тоа нема долго да трае. Повторно ќе дојде оној период кога Вујо беше тренер на Вардар, па ќе доаѓаат играчи од Србија, Црна Гора, БиХ, можеби некој странец од северна Африка“.
 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе