Интересни предлози на Вујо

Вујовиќ предлага нови правила во ракометот, да има гол кој ќе важи како два!

Легендарниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ има предлози за нови правила во ракометот кои ги поднел за разгледување до Европската ракометна федерација. 

Вујовиќ предлага гол од голема далечина, од 10 метри или повеќе да се разчуна два, тој смета дека и нападите треба да се ограничат како во кошарката со точно определени секунди, пример 30 или 35. Тој верува дека промените ќе го направат ракометот повозбудлив.
 
„Предлагам голот од 10 метри или повеќе да се брои два. Тоа би им дало шанса на екипите кои бркаат разлика, а тоа ќе придонесе за поголема возбуда во финишот од мечевите. Тоа ќе даде сосема друга димензија на ракометот“, вели Вујовиќ за „Спортске новости“.
 
„Нападите мора да се ограничат помеѓу 30 и 35 секунди. Јасно е дека ВАР технологијата не може да ја имаат во домашните првенства, но мора да има во Лигата на шампионите и другите големи натпреварувања. Грешките на судиите во ракометот значат многу, а со ова значително би се намалиле“.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе