Лига на шампиони

Вујовиќ: Победивме, но да останеме на земја, нема секогаш да биде вака розово и убаво како што е сега

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е среќен поради големата победа на својот тим но вели дека треба да се остане смирен, да не се лета во облаци. 

Вардар го победи европскиот вицешампион Алборг со 30-28 и по три кола во Лигата на шампионите се уште не знае за пораз.
 
Тренерот на Вардар е презадоволен од стартот, но вели дека не треба да се лета премногу.
 
За мене Алборг е еден од најдобрите четири тима во Европа, имам голема почит за нив. Се боревме во текот на целиот меч, го контролиравме натпреварот, особено во дефанзивата се боревме напорно, бевме силни со неверојатниот Борко на голот, на крајот победивме, но ќе повторам за мене Алборг е еден од најдобрите четири тима во Европа и е фаврит за пласман на фајнл-фор. Нашите амбиции се да го победиме следниот натпревар, значи да го победиме Монпелје. Нашата основна цел е да се пласираме во осминафиналето, мора да бидеме смирени, да стоиме на земја. Бидете сигурни дека ќе дојдат и лоши периоди, нема секогаш да биде се вака убаво и розево“, вели Вујовиќ.
 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе