Вујо не ја исклучува можноста за враќање во Вардар

Вујовиќ: Откако ќе си ги средам проблемите, можно е да се вратам во Вардар

Веселин Вујовиќ не ја исклучи можноста да се врати во Вардар откако ќе ги реши приватните проблеми поради кои го напушти Загреб. 

Легендарниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ си замина од Загреб поради приватни причини.
 
Во изјава за црногорскиот медиум „Вјести“, тој рече дека заминувањето од Загреб не му е финта за да се врати во Вардар, но не ја исклучи можноста да го преземе кормилото на црвено-црните откако ќе ги реши проблемите.
 
„Не можев да бидам на две места во исто време. Им реков на луѓето од управата дека имам проблем во Шабац кој не може да се реши ако сум во Загреб. Имам приватен бизнис кој ќе пропаднеше ако не сум тука“, вели Вујовиќ за „Вијести“.
 
„Не можев луѓето да ги држам во неизвесност, бидејќи не знам дали тој проблем ќе се реши за четири, пет или шест месеци. Мислам дека вака беше најкоректно. Луѓето од управата знаат дека можат да рачунаат на мене кога тоа ќе го завршам. Тука сум ако им требам“.
 
„Гласините за враќање во Вардар почнаа откако беше објавено дека во клубот се враќа Михајловски. Верувајте ми, заминувањето од Загреб не е никаква финта за да го преземам Вардар. Но не ја исклучувам можноста тоа да се случи откако ќе ги решам приватните проблеми“.
 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе