Лига на шампиони

Вујовиќ: Некои ракометари треба да се замислат, ако сакаат и од полусезоната да останат во Вардар

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е разочаран од дел од ракометарите по поразот од Кил на домашен терен 26-29. 

Вардар одигра одлична одбрана во првиот дел која го покри просечното издание во нападот, но во второто полувреме македонскиот тим прими дури 19 голови и доживеа пораз.
 
„Пред натпреварот знаевме дека Кил ќе биде без тројца играчи и мислевме дека имаме шанси. Многу се мачевме во клучните моменти во нападот. Резултатот кој го имавме беше поради успешната одбрана и расположениот Томовски. Со соочивме со проблеми во нападот при играта 'шест за шест', шутерски бевме рамни на нула и бековите немаа свој ден. Се обидовме со 'седум на шест', игра која создава нервоза и кај нас на клупата и на трибините. Заминавме на три разлика и - застанавме! Не знам што се случи. Паднавме. Примивме 19 гола во вториот дел, тоа е премногу за Вардар и за мојата филозофија. Има некои играчи кои треба добро да се размислат дали од полусезоната ќе останат во Вардар, затоа што очекуваме повеќе од нив, ако Вардар сака да направи нешто повеќе“, изјави Вујовиќ.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе