И ден по натпреварот Вујо не може да се помири со поразот од Македонија

Вујовиќ: Кога дознав кои судии ќе ни судат, знаев што ќе се случува

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ не може да се помири со поразот од Македонија, тој е бесен на судиската двојка од Романија за која смета дека направиле најмалку 19 грешки на нивна штета. 

Македонија синоќа со 25:24 ја победи Словенија, нивниот селектор Веселин Вујовиќ е разочаран од судењето, денеска повторно се пожали за арбитражата на Романците, Константин Дин и Лаурентиу Дину.
 
„Натпреварот со Македонија го гледав три пати, првиот пат по завршувањето, вториот пат во четири наутро и третиот пат пред овој утрински тренинг. Видов најмалку 19 грешки на наша штета“, вели Вујовиќ.
 
„Судиите комплетно ја срушија нашата игра. Доколку ова им се случеше на некоја од големите репрезентации како Франција, Германија или Данска, тоа ќе беше голем скандал. Нас сега ништо не ни останува освен да го заборавиме овој меч колку што е можно побрзо. Не зборувам за ова веќе со моите фудбалери“.
 
„Кога менаџерот на нашиот национален тим ми кажа кои судии ќе ни судат јасно ми беше што ќе се случува. Во еден момент романските судии ми дојдоа и ми рекоа дека тие почнале со нивната судиска кариера кога јас сум ја почнувал мојата тренерска. Не знам точно што сакаа да ми кажат, но се надевам дека ЕХФ наскоро ќе им се заблагодари за нивниот допринос за ракометот“.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе